Овен
Потребно е да преминете на конкретна акција. Од мудрување и филозофирање не се живее. Ќе имате успех поврзан со учење и комуникација, но нема да бидете задоволни. Причина – не сте во форма и почекајте неколку дена да се сменат нештата.
Бик
Многу припадници на овој чувствителен знак моментално се вљубени. Можеби во таа состојба лежи причината за романтичното расположение и пресвртите во личната судбина. Ви годи се’ што е врзано за нежност. Доколку партнерот се обиде да биде груб, свртете му грб.
Близнаци
Многу работи се во игра, а вие не сте во состојба да ги решите. Всушност, што сакате? Мора да бидете силни и свесни за ситуацијата за да испливате од неа и да бидете слободни, а пред се’ задоволни. Околностите укажуваат на тоа дека морате да бидете упорни и подготвени на долгорочни потфати.
Рак
Треба уште многу работи да направите, а пред се’ да го решите деловниот проблем. Многу пари се во игра, ги очекувате, но ќе мора да се воздржите малку. Средината почна да ви здодева со своите проблеми, затоа дистанцирајте се од неа.
Лав
Се’ е во знакот на љубовта. Работата е во втор план. Кога нешто работите, се давате комплетно, така што тоа ќе го направите и кон саканата личност. Бидејќи сте преплавени со позитивни чувства и сила, се’ ви изгледа едноставно.
Девица
Многу работа и проблеми влијаат на нервниот систем, но вие не се давате. Правите се’ за да ја надминете кризата, до перфекција го извршувате она што претпоставените го очекуваат од вас. Бидејќи до реализација не доаѓате едноставно, тоа сфатете го како нормална работа.
Терезија
Единствено финансиските проблеми може да ви го расипат расположението. Бидејќи на нив можете да влијаете, а на саканата личност не можете, но направете го она што е најдобро. Му се фрлате на партнерот во прегратка и го набљудувате светот од поубавата страна.
Скорпија
Околината ја заморувате со проблеми. Кога ви е добро, кога сте задоволни и имате пари, уживате во среќата. Кога ќе настапат проблемите, станувате невротични, ги тормозите пријателите. Не треба да ги оптоварувате, туку со нив да се дружите и да си поминувате одлично.
Стрелец
Увидувате дека вашите идеи се разликуваат од мислењето на повеќето колеги, но не можете да прифатите некои просечни мерила и критериуми што ги заговараат соработниците. Потребно е да ги докажете своите способности, најдобро е без вишок зборови да го кажете конкретно вашиот став.
Јарец
На погрешен начин ги поврзувате новите случувања на деловна сцена, а нечие однесување го толкувате во хармонија со личните потреби. Морате да сфатите дека нечие одобрување и голем комплимент немаат посебна употребна вредност.
Водолија
Одлучивте работите да ги истерате до крај, па нема сила која може да ве спречи во тоа. Емоциите се настрана, додека разумот упорно работи. Не оптоварувајте се со споредни нешта, дајте му примат на најзначајното.
Риби
Тамам сакавте да земете воздух и да соберете сили за нови потфати, кога повторно искрснуваат нови проблеми. Емотивното незадоволство, исто така, е присутно. Склони сте вината да ја префрлите исклучиво на друга страна. Бидете објективни.
Извор: Утрински весник
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!