Овен
Ситуацијата бара максимум трпеливост, а не ја поседувате. Оттаму се и недоразбирањата, не само со околината туку и со себе. Губитници сте, а тоа тешко го поднесувате. Треба да ги сочувате нервите за посериозни проблеми. Филмовите го подобруваат расположението.
Бик
Исклучително пријатен ден, особено кога е во прашање љубовта. Ќе бидете опкружени со луѓе кои ќе ви причинуваат задоволство. Пред вас се незаборавни моменти, а колку од тоа ќе профитирате зависи од ситуацијата. Секој човек е ковач на својата среќа.
Близнаци
Водете сметка да не се изгубите во многуте планови. И покрај тоа што сте способни да решите секаков проблем, мора да го успорите темпото и да се насочите кон себеси. Тоа е најдобар начин да дојдете до душевен мир, а кој повремено ве напушта.
Рак
Може да се каже дека сте во целосен хаос, барем кога се во прашање емоциите. Со оглед на тоа што ваквата состојба премина во хронична, воопшто не сте загрижени. Насочете се кон оние области од животот во кои сте најуспешни.
Лав
Немате енергија, па работата може да биде во застој. Попасивни сте од вообичаеното, но тоа воопшто не ве вознемирува, насочени сте кон нова љубов. Фантазијата е одлична како компензација за киксовите што ги направивте во последно време.
Девица
Денот не е поволен за решавање на професионални проблеми и за склучување договори. Доколку сте во каква било врска со здравствена установа, не надевајте се на поволен исход. Од вас се очекува да бидете трпеливи, но, за жал, ги изгубивте нервите.
Терезија
Прекрасен ден, конечно, можете да се препуштите на сите животни радости. На себе својствен начин уживате во среќата. Она кое што посебно ве прави задоволни е складот што го најдовте во себе. Партнерот, конечно, ги признава грешките.
Скорпија
Влегувате во период кој од вас го бара она што го имате во изобилство, силата. Променете ги животните услови на подобро. Ве очекуваат бурни емотивни случувања, дочекајте ги подготвени. Размислувајте за нови пријателства.
Стрелец
Евидентно е нервирањето поради секоја ситница, ја оптоварување околината. Доколку забележите дека луѓето ве избегнуваат, знајте за што се работи. Можни се здравствени проблеми врзани за црниот дроб но не преземајте конкретни потези. Не се однесувајте како да сте центар на светот.
Јарец
Проблемот од емотивна природа станува повеќе од непријатен. Ви недостасува толеранција кога е во прашање партнерот, а тоа морате да го контролирате. Потрудете се да избегнете секакви расправии.
Водолија
Поминувате незаборавни моменти со личности родени во знакот на Бик или Вага. Не е важно колку таа среќа ќе трае, уживајте и заборавете на ситните глупости што ги носи секојдневието. Дружете се и излегувајте.
Риби
Проблемите што ги имате веќе подолго време се провлекуваат. Неспособни сте да се приспособи на околината затоа најдобро е да се дистанцирате. Ве очекуваат и недоразбирања со партнерот, променете ги сопствените ставови.
Извор: Утрински весник
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!