Top

Хороскоп за 21.02.2013 (четврток)

Овен
Романтиката стапува на сцена. Доколку не успеете практично да ја остварите, постојат многу други начини да функционирате во таа насока. Гледајте љубовни филмови и слушајте музика. Ќе ви се подобри расположението.

Бик
Веќе подолго време сте под добри астролошки влијанија. Вашиот проблем е во тоа што не верувате во себе, ниту пак во ѕвездите. Морате да бидете што поупорни и посигурни, тоа го бараат моменталните околности.

Близнаци
Не можете на ништо да се пожалите. Подолго време сe ви поаѓа од рака. Доколку искрснат емотивни проблеми, тоа е нормална појава со оглед на вашите ставови врзани за слободата.

Рак
Денес може да ви се случат неочекувани настани кои ветуваат поволен исход. Добивате деловна сатисфакција, но таа не ве прави среќни. Бидејќи сте нескромни, ситуацијата ни од далеку не може да ги задоволи вашите апетити.

Лав
Без разлика на многу негативни астролошки влијанија, вие фантастично се чувствувате. Не нервирајте се ако некои работи се случуваат спротивно на она што го испланиравте. Работите кога-тогаш ќе се вратат во нормала.

Девица
Полни сте со енергија кога вашите интереси се во прашање. Кога средината ќе побара нешто од вас, не мрднувате ниту со малиот прст. Од каде сте се наполниле со толку многу себичност? Итно променете се.

Терезија
Одличен ден за склопување договори и деловни реформи. Сe ќе биде поуспешно отколку што замислувавте. Доколку сте свртени кон љубовта и уживањето, на тоа заборавете барем денес. Само така ќе постигнете рамнотежа на телото и духот.

Скорпија
Тешкотиите при воспоставувањето на контактите со околината се последица на пречувствителноста. Од каде сега толку многу ги изразувате емоциите? Морате да се изборите со таа мана доколку сакате нормално да функционирате.

Стрелец
Иако немате конкретни причини, се чувствувате тешко и не гледате излез од моменталната ситуација. Решението, сепак, постои. Вооружете се со трпение и подгответе се за тешка работа. Занемарете ја емотивната страна.

Јарец
Моментално е нагласена вашата потреба за комфор и уживање во ситници. Тоа настојувајте да го спроведете во дело. Доколку некој се обиде да ве спречи, можни се напади на нервоза и конфликти. Јасно давате до знаење што сакате.

Водолија
На расположението влијаат многу конкретни случувања. Во фаза сте на стекнување необични љубовни искуства. Може да ви се случи ненадејно да се вљубите. Затоа не срамете се да ги изразите чувствата.

Риби
Не ви е лесно. Ви претстојат многу грижи и проблеми. И семејството и пријателите прават сe за да ви го расипат расположението. Изолирајте се во самотија, бидејќи така ќе ги избегнете тешкотиите.

Извор: Утрински

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>