Овен
Некоја вест или случка ќе ја растресе вашата емотивна стабилност. Ќе морате да го одложите патувањето и неочекувано да ги смените плановите за идните неколку дена. Некој член на семејството ќе бара многу внимание, нега и сочувство. Заборавете на гревовите од минатото.
Бик
Ќе ве вознемири однесувањето на едно лице. Не можете да ги сфатите површноста и неодговорноста на одредени луѓе. Денешните планови немојте да ги поврзувате со другите. Се’ што можете направете сами, а помош барајте дури утре. Не влегувајте во расправии.
Близнаци
Ако сакате да избегнете напади и критики во јавноста, ќе мора да се претставите како авторитативна и одговорна личност. Новите околности ќе бидат поврзани со кариерата, финансиите и со претпоставените лица. Внимавајте што купувате и по која цена. Избегнувајте лаги.
Рак
Лице или некоја случка од вашето минато неочекувано ќе добие важност. Ќе се сретнете со едно лице кое одамна не сте го виделе. Би можеле да ја договорите следната средба и внимателно да се скриете од погледите на љубопитните. Ќе ви се зголемат семејните обврски. Размислувајте со главата, а не со срцето.
Лав
Здодевни состаноци, долго чекање во редови, метеж во сообраќајот… Сето тоа ќе ве заморува повеќе од обично. Најдете некое место коешто може да ви го даде толку посакуваниот мир и тишина. Измерете го притисокот. Не потпирајте се на туѓите услуги.
Девица
Ќе бидете растргнати меѓу она што го посакувате и она што ви го налага разумот. Работните обврски ќе влијаат и на вашето однесување спрема саканото лице. Некој пријател ќе ви соопшти вест што ќе ви помогне подобро да сфатите некои ситуации. Чувајте ги нервите.
Терезија
Повеќе внимание посветете на деловната комуникација. Можни се промени во деловниот распоред или кадровски прераспределби на вашето работно место. Едно лице ќе се обиде да го оспори вашиот авторитет. Немојте да се збуните. Решителноста е многу важна. Внимавајте на здравјето.
Скорпија
Важно е да не запоставите некои лица што ги сакате. Децата и пријателите ќе очекуваат повеќе време да минувате со нив. Ако се занимавате со спорт, чувајте се од повреди, особено на рацете и на нозете. Во љубовта немојте да си играте со оган. Партнерот с? гледа. Кажете им не на пороците.
Стрелец
Пред вас е ден преполн со новости, промени и непланирани работни задачи. Колку и да се трудите да ги усогласите работните рокови и с? да завршите навреме, сепак, тоа нема да ви појде од рака. Финансиските случувања ќе ве принудат на штедење. Внимавајте на белите дробови и на синусите.
Јарец
Можни се ситни непријатности што ќе ве забавуваат на патот кон целта. Сигурни се неочекувани средби на пат, тешкотии во телефонирањето или пронаоѓањето на лица што ви се потребни. Паметете каде ги оставате клучевите од станот, мобилниот телефон и паричникот. Не осврнувајте се на озборувањата.
Водолија
Време е да се позанимавате со состојбата на тековната сметка. Можеби ситуацијата ќе биде обесхрабрувачка, но не губете ја надежта. Помошта или решението ќе дојдат сосема неочекувано. Разговорот со љубовна тематика сосема ќе ве збуни. Не поигрувајте си со туѓото трпение.
Риби
Ве очекува активен ден, преполн со изненадувања и со противречни сигнали. Ќе сфатите колку влијаело вашето однесување на едно лице во минатото. Треба да разговарате со еден пријател. Во љубовта експериментирајте колку што може помалку. Штедете ја енергијата.
Извор: Утрински весник
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!