Top

Хороскоп за 14.10.2011 (петок)

Овен
Искористете го вистинскиот момент и доброто расположение за тимска работа. Бидете позитивни и задржете ја добрата форма. Пред вас е исклучително поволен работен ден кој ветува повеќе отколку што сте претпоставувале.

Бик
Вложувате големи количини енергија за да го постигнете тоа што сте го наумиле. Склони сте на бурни реакции и постапки од кои немате многу корист. Пожелно е да се наоружате со трпеливост ако сакате да избегнете непријатни ситуации.

Близнаци
И понатаму поседувате голема енергија која морате да ја искористите на различни фронтови. Изгледате божествено и се чувствувате фантастично. Овие денови ќе го сретнете лицето на својот живот и ќе доживеете незаборавни моменти.

Рак
До израз доаѓа вашата елоквентност и информираност. Знаете се’ што се случува околу вас. Љубовта е ваша главна движечка сила и смисла на вашиот живот. Имате чувство дека никој не ве разбира, но не треба да се жалите.

Лав
Среќни сте и задоволни. Направивте се’ што е во ваша моќ, сега треба само да уживате во признанијата. Потрудете се да согледате каде грешите. Ве очекува материјална и емотивна сатисфакција, но и одлична инвестиција.

Девица
Насочени сте кон креативна работа, затоа и постигнувате резултати. Со партнерот ја освежувате врската, може да очекувате нежност и внимание. Здравствената состојба ви е добра, но морате да внимавате и да се чувате.

Терезија
Постои опасност од повреди кои можете да ги избегнете само со исправни постапки. Бидете трезвени барем денес, бидејќи не ви е лесно се’ што ви се случува. Влегувате во период полн со многу енергија, па ќе успеете да ги совладате сите пречки.

Скорпија
Доколку сте станале мрзливи, потрудете се да се размрдате и да се активирате. Не пропуштајте ги можностите што ви се нудат, бидејќи може да не се повторат. Потрудете се емотивно да се стабилизирате и подгответе се за промени. Имате проблеми со телесната тежина.

Стрелец
Здружете се со Овен, ќе ви биде лудо и незаборавно. Во добро расположение сте, а можете да очекувате страсти и нежност. Сите денешни постапки се базираат на физичка привлечност. Хармонични сте и ве воодушевуваат убави работи.

Јарец
Многу време губите на донесување одлуки. Мрзливи сте и тоа без причина, потрудете се да се активирате. Работете на себе и потенцирајте ги вашите позитивни особини ако сакате подобро да функционирате.

Водолија
Се борите против оние работи што ве ограничуваат. Околината не ве доживува сериозно. Долго време профитирате и напредокот на работното место е награден со парична награда. Полека, но сигурно се ослободувате од здравствените проблеми.

Риби
Бидете дипломати и избегнувајте ги расправиите. Со партнерот сте во конфликти, а тоа е последица на финансиите. Не оптоварувајте се премногу ако сакате да испливате од проблемите. Долго време се наоѓате во неадекватно друштво.

Извор: Утрински весник

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *