Овен
Потребно ви е малку време за своја душа. Се ангажирате за други, посветени сте на работата, па ги занемарувате своите суштински потреби. Слободните моменти поминете ги во нешта кои ви прават задоволство. Целосно исклучете се од другите обврски, така ќе се релаксирате.
Бик
Свесни сте за работите кои треба да ги извршите и тоа го правите без паника. Со самото тоа ви е потребно помалку време, а резултатите се видливи. Партнерството, јавноста и разните видови на комуникација, исто така, се во игра. Од моменталната ситуација извлекувате максимум.
Близнаци
Успешен ден е пред вас. Се наоѓате во состојба кога можете активно да влијаете на случувањето и од животот да го земете она што ви треба. Доколку мислите дека се се врти околу парите, се лажете. Има толку работи што можат да ви го разубават животот, љубовта на пример.
Рак
Вие постојано сте полни со сила и имате желба таа сила да ја употребите на адекватен начин. Постои опасност од повреди, бидејќи поради намаленото внимание и лошата концентрација може да се случи се. И вербалните конфликти се во игра. Само одмерено и со разумни гестови.
Лав
Пречувствителни сте, сакате да се карате. Јазикот ви е побрз од паметот. Не дозволувајте поради погрешно изговорените зборови да дојдете во непријатна ситуација. Оној со кого тоа може да се случи е вистинско злопамтило. Не е пожелно да се објаснувате.
Девица
Во фаза сте на силни емотивни преживувања, па по малку сте загрижени. Тоа е нормално бидејќи од извесна ситуација многу очекувате. Што и да се случи, конечниот расплет ќе биде следниот месец. И покрај се, пред вас е успешен ден, а главниот акцент е врзан за љубов.
Терезија
Во потрага по промени, се одлучувате за пат или нова активност. Трпеливо и истрајно ги завршувате работите, кои во меѓувреме се собраа. Кој ви е крив, кога се само започнувате, а не завршувате. Ви годи самотијата, така што слободните моменти со задоволство ги минувате во тишина.
Скорпија
Имате сила и желба да се изборите со актуелниот проблем кој објективно постои. Успешни сте како на работа така и во приватниот живот. Опасноста може да се јави во вид на желба за доминација и тврдоглавост. Внимавајте од повреди, посебно во сообраќајот. Смирете ја топката.
Стрелец
Се ви паѓа тешко. Потребно е многу сила и нерви за да можете да работите, а вие моментално сте многу исцрпени. Поради тоа, моменталната ситуација ја доживувате како стапица. Се советува одмор и разонода. Работата може да почека поповолен момент.
Јарец
Финансиската ситуација е мaлку критична, така што сите мисли и енергија се усмерени кон неа. Морате да бидете внимателни кога е во прашање трошењето на парите и потпишувањето чекови. Можни се стомачни проблеми, и тоа е поради погрешна исхрана.
Водолија
Успешен ден за разни трансакции, игри на среќа и берзански шпекулации. Финансиската ситуација се поправа. Можеби токму поради тоа добро се чувствувате. Партнерот ве опсипува со поголемо внимание одколку што тоа сте го заслужиле.
Риби
Припадниците на знакот се свртени кон практични нешта, и затоа може да имате проблеми, за разлика од оние помалку практичните кои се занимаваат со уметност. Раковите кои функционираат на груб материјален план, тешко ќе си објаснат зошто им се случуваат непријатни работи.
Извор: Утрински весник
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!