Овен
На работа се извесни помали финансиски потешкотии. Ќе имате проблем околу наплатата на своите услуги. Доколку веќе не сте ја раскинале врската, кризата ќе биде присутна до утре. Разговор со партнерот.
Бик
Денес може да дојде до неверојатни сознанија, кои се важни за вашата кариера. Финансиите се променливи. Во семејството е добра атмосферата. Очекувате убави вести кои се во интерес на сите домашни.
Близнаци
На работа е стабилно. По мали пречки, ви претстои помала добивка. Постои можност некој пријател да ви се јави и да ви предложи нешто интересно. Децата денес ќе бидат склони на повреди.
Рак
Денес ќе бидете окупирани со семејството сакајќи да го надоместите она што сте го пропуштиле последниве денови. Финансиски конечно сте во можност да им помогнете и на другите. Очекувајте гости.
Лав
На работа ве очекуваат поволни случувања. Средба со млада женска личност ќе ви донесе и помала заработувачка. За да ги решите несогласувањата со партнерот, неопходно е да поразговарате.
Девица
По издатоците, во следните два дена очекувајте прилив на пари од приватна работа. Од пријателите ќе добиете интересни информации за некој што ви се допаѓа. Одлуката е на вас. Здравјето е солидно.
Терезија
Работата денеска нема да ви биде толку важна. Кога сте опуштени тогаш се завршувате полесно. Иако вчера бурно реагиравте кон партнерот, денес ќе бидете поподготвени за компромис.
Скорпија
Ви претстои кратко патување. Ќе имате прилика да завршите нешто што долго одложувавте, поради низа околности. Се ќе мине добро, не грижете се. Финансиската ситуација, не е стабилна. Расходите ви се поголеми од приходите.
Стрелец
Денес е можно враќање од пат на близок член од семејството. Семејното собирање особено ќе ви годи. Ви претстојат и убави случувања на љубовен план. Во текот на излегувањето очекувајте ново познанство.
Јарец
Не е поволен ден за носење на деловни одлуки, особено ако тоа е поврзани со пријателите. Почекајте го почетокот на идната седмица. Финансиите се солидни. Партнерот ќе добие солидна сума пари.
Водолија
На работа нема да бидете особено ажурни, зашто не сте ни доволно мотивирани. Ве очекува помала добивка. Глас од една женска личност, која е во кругот на вашите пријатели, многу ќе ве израдува. Наскоро очекувајте и средба.
Риби
Прифатете ја поканата што ја добивте, но подгответе се и за кусо патување. Заработувачката може да биде солидна, што за вас е само моментално решение. Во љубовта е променливо. Расположението на партнерот е променливо.
Извор: Утрински весник
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!