Top

Хороскоп за 14.09.2012 (петок)

Овен
Вашиот ентузијазам, самодоверба и достоинство може да се протолкуваат на различни начини, затоа внимателно избирајте ги зборовите кои ги користите во друштво на соработниците или во јавниот живот. Потребна е мудрост за да ги избалансирате своите желби и можности.

Бик
Доколку не ви се допаѓа нечија улога или однесување, стрпливо почекајте на вистинскиот момент за акција. Важно е правилно да ги процените вашите желби во однос на реалните можности. Нема причина да претерувате во своите барања пред саканата личност.

Близнаци
Доколку сте доволно одговорни за она што го правите, не дозволувајте да ве поколебаат новите информации или нечија приказна. Важно е да ги исполните своите ветувања или утврдените правила во деловната соработка. Емотивното задоволство е најубаво доживување, потрудете се да изгледате неодоливо.

Рак
Некој ги загрозува вашите деловни интереси, но нема причина за голема загриженост. Почекајте на поволен момент кога во потполност ќе ги остварите своите намери. Важно е правилно да го процените редоследот на потезите. Во однос на саканата личност, остварете ги љубовните желби.

Лав
Одбивате да прифатите нечија услуга која ве обврзува на партнерство под одредени услови. Избегнувајте разни видови уценување или натпреварувачка атмосфера која ја наметнува некој од соработниците. Ви пречи сознанието дека партнерот повремено има недостиг од инспирација, храброст или искреност.

Девица
Имате одлична можност да ги дуплирате своите деловно-финансиски резултати. Не дозволувајте некој отстрана да се плетка во вашата концепција или плановите кои ги спроведувате. Нема причина за лажна скромност во кој било поглед. Ќе освоите нечие емотивно внимание.

Терезија
Нечија приказна кај вас остава спротивен ефект, така што вашите одговори звучат контрадикторно. Нема потреба да се расфрлате на разни страни и да се оптоварувате со амбициозни цели. Бидете умерени во своите барања пред саканата личност. Добро ќе ви дојде средба со пријатели.

Скорпија
Доколку некој ги критикува вашите идеи или однесување, покажете доволно слух и прифатете ги корисните сугестии. Важно е да го подобрите деловниот рејтинг и да ги здружите своите сили и да ги здружите своите интереси со успешните или влијателните соработници. Исполнете го договорот со партнерот.

Стрелец
Вашето расположение се наоѓа на врвот. Завршувате една важна работа која ви влева чувство на сигурност и самодоверба. Важно е да почувствувате психолошка, материјална или емотивна сигурност. Во средбата со саканата личност ја изразувате позитивната страна на вашата личност.

Јарец
Доколку ви недостасуваат доверливи информации за новите случувања на деловната сцена, не давајте официјални ветувања и побарајте нечие посредство. Сите проблеми е подобро да ги решите со нечие присуство. Изразете ги своите чувства кон саканата личност.

Водолија
Непотребно влетувате во нечија замка и ги преувеличувате своите интелектуални и практични способности. Нема причина да жалите за пропуштената можност, извлечете добра поука за правилата на деловно однесување. Важно е да го зачувате достоинството и доброто однесување со блиска личност.

Риби
Во договорот со една личност завршувате работа која е многу перспективна. Добриот глас надалеку се слуша, така што ве очекува влијателна реклама или добивка. Постои добар повод да го прославите својот успех. Некој го расипува планот што го имате со партнерот.

Извор: Утрински весник

Станете наш facebook фан.




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *