Top

Хороскоп за 17.09.2012 (понеделник)

Овен
Ви недостасува сила, па размислувате од нешто да се откажете. Завршувате еден тон ситни работи кои ве оптоваруваа. Исцрпеноста е последица на нервозите и лошите планетарни влијанија. Пијте витамини. Посреќните припадници уживаат во прегратката на саканата личност. Другите фантазираат за тоа.

Бик
Одлично изгледате и така се чувствувате. Присуството на интересни случувања ве прави посреќни и позадоволни. Завршувате важна работа што ве прави задоволни. Јавното признание ве инспирира да започнете нешто ново. Забите и коските ви се слаба точка.

Близнаци
Во конфликт сте со себе. Имате проблеми ама не знаете со нив да се справите. Нестрпливи сте во врска да тргнете во нови подвизи. Иако сте во финансиска криза, сфаќате дека ви е неопходна подобра работа. Потребна ви е топлина, со љубомората никаде нема да стигнете.

Рак
Не сте задоволни со работата или начинот на која ја вршите. Мислите дека можете повеќе и подобро. Ако не сте во врска, нема многу да ви пречи самотијата, бидејќи сте задоволни сами со себе. Но, доколу сте, не ги расипувајте моментите со небитни ситници.

Лав
Постои шанса да добиете јавно признание за трудот. Многу Лавови ќе се подготвуваат за патување, ако тој пат не го реализирате, тогаш ќе контактирате со странство. Ќе имате проблеми со грлото и носот, но минливи. Емотивниот живот ќе ви биде прилично празен, ја запоставувате саканата личност.

Девица
Доколку сте сфатиле дека убавината на живеењето е во малите нешта, вие сте на прав пат. Се наоѓате во ситуација кога ви е потреба тактичност. Бидете упорни и одмерени. Многу убави моменти во прегратката на саканата личност. Животот е убав, и треба максимално да се ужива во него.

Терезија
Со некого мора да се смирите. Проблемите на здравствен план се предизвикани од прекумерно пиење и јадење. Со сталниот партнер имате ривалство, но спонтана авантура е во можност, не одбивајте таков предизвик. Морате моменталната ситуација да ја согледате реално.

Скорпија
Имате експанзија на креативност. Бидејќи сте преплавени со емоции, можеби поезијата би била предизвик. Не сте задоволни на работен план. Сметате дека заслужувате подобра работа од сегашната. Не се нервирајте и внимавајте на повреди. Партнерот сака да ви угоди со внимание и подарок.

Стрелец
Уживате во убави и луксузни нешта. Вашата снобовска природа моментално е во форма. Не можете да се пожалите ниту на работата, ниту на заработката. Се е во најдобар ред. Здравјето е релативно добро. Стравот од љубовта е страв од промени. Инертни сте на љубовен план.

Јарец
Конфликтите со соработниците се неизбежни, но сепак го постигнувате тоа што сте го замислиле. Морате да се ослобосите од стресот. Имате силна сексуална енергија, партнерот ви подготвува пријатно изненадување. Бидете порелаксирани во врска со претстојните случувања.

Водолија
Се браните од негативни влијанија. Раководени од сопственото искуство, остварувате делумен успех. Морате да се изборите со сопствената суета. Морате да се погрижите за исхраната – во неа лежи здравјето. Уживате во прегратките на саканата личност, во прекрасен емотивен период сте.

Риби
Некои сакаат да ве исфрлат од колосек, но тоа за чудо не им поаѓа од рака. Се чувствувате добро, задржете го начинот на размислување и однесување. На слава ќе запознаете интересна личност, дури и ќе се вљубите. Уживајте додека можете и не се оптоварувајте со бесмислености.

Извор: Утрински весник

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>