Top

Хороскоп за 13.10.2011 (четврток)

Овен
Благодарение на поволните планетарни аспекти размислувате креативно. Склони сте кон шпекулации, уживања во љубовта и уметноста. Опасноста може да се појави само во вид на тврдоглавост и вообразеност.

Бик
Добар период за материјална добивка. Повеќе време ќе минувате надвор од вашиот дом и ќе размислувате како да ги потрошите парите. Можна е мала нервоза, но сето тоа е резултат на вашата тврдоглавост и непопустливост.

Близнаци
Комуникативен ден е пред вас, па искористете го максимално. Не оптоварувајте се со туѓи проблеми, фокусирајте се само на сопствените. Надевајте се на успех доколку се занимавате со пишување, туризам или ако планирате некое патување.

Рак
Некоја задоцнета материјална добивка, сепак, ќе пристигне. Задоволно тријте ги рацете, бидејќи парите само што не пристигнале во вашите раце. Постои шанса некој пријатно да ве изненади со еден скромен подарок. Не трошете пари, но и не штедете.

Лав
Се обидувате на специфичен начин да го изразите своето мислење. Ако бидете погрешно сфатени, не грижете се, бидејќи од таа ситуација можете да извлечете само поука. Брзината на мислите и силната интелектуална енергија пожелно е да се искористи на адекватен начин.

Девица
Ќе се најдете во ситуација да му помогнете некому, но и да анализирате туѓи проблеми. Во односот со околината ви недостасува самодоверба. Обидете се да се повлечете ако сакате да ја подобрите оваа состојба.

Вага
Пријателите ќе ви помогнат. Бидејќи самотијата ве убива, ќе се трудите постојано да бидете во нечие друштво. Не оптоварувајте ги другите со сопствените проблеми, имаат и тие свои.

Скорпија
Само со конкретен став можете да покажете колку вредите навистина. Денес ќе функционирате во согласност со тоа. Благодарение на организаторските способности, ќе постигнете повеќе одошто планиравте.

Стрелец
Не свртувајте се кон семејните проблеми, ги има премногу. Ве очекуваат некои патувања, повик од странство или ќе слушнете некое пријатно изненадување. Обидете се да го споите корисното со убавото

Јарец
Обидете се да обрнете внимание на своето здравје особено ако сте зависник од цигари. Белите дробови ви се загрозени. Ви се советува прошетка на чист воздух во природа. Само така ќе го заштитите вашето кревко тело.

Водолија
Клучниот проблем ќе биде партнерско-брачниот однос. Многу Водолии тешко ќе го разберат лицето покрај себе, бидејќи таа е сосема спротивна од оној модел што го посакуваат. Но, и вие имате мани, па не комплицирајте ги работите.

Риби
Конечно, вистинско време е да преминете од зборови на дела. Не размислувајте за некои работи што не можете да ги решите толку лесно. Сето тоа ви создава само дополнителни проблеми. Ви се советува да бидете директни и активни.




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *