Овен
Постојано едно лице ви го буди внатрешниот немир, па затоа не можете да се фокусирате на професионалните обврски. Мора да се дистанцирате и да ја надминете таквата состојба. Ќе треба малку подобро да се покажете кај вашите соработници, бидејќи и тие ќе почнат да се сомневаат во вас.
Бик
Многу ги идеализиравте работите во изминатиов период, па сметавте дека позитивната енергија ќе ве држи уште долго. Но, сега е време да се разбудите и да сфатите дека ништо нема да се случува доколку сами не создадете услови за тоа. Уживајте во моментите со партнерот.
Близнаци
За вас слободата претставува најголемо задоволство. И покрај обидите на партнерот да ве задржи крај себе, имате потреба да побегнете и да ја сфатите реалноста со поинакви очи. На работното место ве очекува критика од вашите претпоставени, бидејќи повеќето од работите не сте успеале да ги завршите навреме. Затоа бидете претпазливи со професионалните задачи.
Рак
Проблемите никако да ве одбегнат во овој период. Тамам успеавте да решите дел од нив, пристигнаа нови. Работата ви е најголема преокупација, бидејќи сте познати како голем зависник од неа, но и приватниот живот ви е важен. Семејството ќе застане на ваша страна доколку се одлучите да донесете некоја важна одлука. Внимавајте на здравјето и не потклекнувајте и’ на депресијата.
Лав
Постојано сонувате за некоја романтична љубов, која само што не се случила. Меѓутоа, вие сте и повеќе од свесни дека вашиот карактер е тешко приспособлив на барањата од спротивниот пол. Понекогаш знаете да бидете многу напорни и полни со барања и очекувања, кои за жал партнерот не може да ви ги исполни.
Девица
Изразувањето љубомора во однос на партнерот може да ви донесе проблеми со кои нема да успеете да излезете на крај. Внимавајте дали имате право или не, затоа што никој не сака да се оправдува за постапките ако не се чувствува виновно. За да ви се оттргнат мислите од љубовта, концентрирајте се на работата и на способноста на соработниците, бидејќи некој навистина треба да се подобри.
Терезија
Веројатно поставеноста на планетите ви дозволува веќе подолг период да се чувствувате одлично. Сите аспекти на вашето живеење се под контрола, па немате никаква причина да се грижите за што било. Успешно ќе склучувате договори од кои ќе имате добра финансиска корист, а постои веројатност да ја доживеете и судбинската љубов.
Скорпија
Ѕвездите ви навестуваат убава пролет. Сите почнати обврски ќе ги завршите со неверојатна брзина, а потоа ќе се свртите кон нештата кои се поврзани со убавината и љубовта. Имате доволно енергија за да и’ пријдете на една Водолија која постојано се труди да ви испрати сигнал дека навистина ја привлекувате. Внимавајте да не се занесете во тој однос, па да заборавите дека срцето е кршлива работа.
Стрелец
Сакате да планирате, но понекогаш мора да му се препуштите на задоволството и да сфатите дека некои работи мора да се случат како голема авантура за да се сеќавате на нив многу долго. Претставниците на овој знак кои се занимаваат со интелектуална работа ќе постигнат значителен успех, додека останатите ќе западнат во апатија. Чувајте се од настинки и пијте повеќе витамини.
Јарец
Понекогаш имате чувство дека се’ знаете и дека никој не е попаметен од вас. Можеби и во повеќето случаи сте во право, но никој не сака да биде омаловажен во ваше присуство. Обидете се да бидете малку повеќе флексибилни и ќе видите дека околината ќе ве гледа со поинакви очи. На емотивен план ве очекуваат убави случувања со партнерот, но внимавајте да не претерате со испрашувањата и љубомората.
Водолија
Посакувате да бидете заведени, бидејќи ви недостига нечие внимание и љубов. Сепак, можеби треба малку да почекате, бидејќи во периодов се’ што ќе ви се случува на емотивен план ќе биде само минлива авантура, на која нема ниту да се сеќавате. Љубовта доаѓа кога најмалку ја очекувате, па затоа мислете на други нешта и можеби наскоро ќе се изненадите.
Риби
Кај вас расположението се менува од ден на ден. Кога ќе помислите дека сте во одлична состојба, ќе се случат непредвидени проблеми што веднаш ќе ве фрлат во апатија. Мора да разберете дека проблемите им се случуваат на сите и секогаш има излез колку и да ви се чини невозможно на самиот старт. Посветете повеќе внимание на партнерот, кој постојано се труди да ви угоди.
Извор: Утрински весник
![]()
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!