Top

ДНЕВЕН ХОРОСКОП – 09.02.2011 (среда)

Овен
Одеднаш се чувствувате премногу фрустрирано, па сметате дека е многу тешко да ги совладате емоциите. Лутината што се јавува во вас е само уште еден показател дека е крајно време да се соочите со вистината за тоа што чувствувате кон партнерот. Изнајдете го вистинскиот начин да дојдете до успешно решение.

Бик
Сакате кога се чувствувате цврсто на земја и кога знаете дека ситуацијата ја имате под контрола. Особено кога станува збор за љубовта и односот со партнерот. Но, во моментов изненадени сте од несигурноста која произлегува од вас, поради извонредната комуникација која не е својствена за вас. Без многу напори уживајте во среќните мигови и опуштете се.

Близнаци
Вашите емоции се движат во еден правец, а веќе во следниот миг се фокусирани кон нешто друго. Тоа и не би требало да ве чуди со оглед на вашата дволична природа на карактерот која ја поседувате. Иако таквите емотивни осцилации нема да ви донесат подобрување на љубовниот живот, сепак вие уживате во забавата. Обидете се да бидете малку повеќе практични и симнете се од облаците.

Рак
Имате чуство дека сте стигнале со нештата до самиот крај. Можеби претерувате со вашата песимистичка природа, бидејќи не можат постојано да се случуваат убави нешта. Некои работи едноставно мора да ги прифатите и да се обидете да продолжите понатаму. Колку и да се чини невозможно, секогаш среќата им се насмевнува на најхрабрите.

Лав
Некој ќе се обиде да ја наруши вашата духовна хармонија и да ве налути, но самоконтролата нема да ви побегне од рака. Вие умеете добро да ги контролирате нештата, па ваквите провокации ќе ги сфатите како љубоморен обид на околината да ви наштети. Обидете се позитивната енергија да ја насочите кон убави нешта.

Девица
Истражувачката природа во овој период ќе дојде до израз. Колку и да ви се чини невозможно ќе успеете да ја откриете вистината за една работа која постојано ве измачува. Она што треба да се дознае ќе дојде во моментот кога тоа најмалку ќе го очекувате, но добрата анализа само ќе ви помогне да дојдете побргу до целта.

Терезија
Рамнотежата кај вас доаѓа од самата природа на знакот, па затоа луѓето родени во знакот на Терезија важат за најголеми балансери кога е потребно тоа. Премногу размислување на одредени теми нема да ви донесе ништо добро, па затоа одлучете се да се препуштите на моментите, колку тоа и да изгледа чудно за вас.

Скорпија
Отежнатата комуникација ќе биде главниот проблем со кој ќе се соочите во периодов. Причината за тоа ќе бидат острите критики кои претпоставените ќе ги упатат на ваша сметка. Но, не очајувајте. Сите имаат добри и лоши мигови на успех, па за кратко време ќе успеете да ги повратите старите позиции.

Стрелец
Советите што ви се даваат со добра намера постојано ги сфаќате како лична критика и сметате дека некој се труди да ја покаже слабата страна на вашиот потенцијал. Можеби малку избрзувате со останатите соработници, па затоа наместо да се лутите одберете да слушате и на тој начин ќе успеете да постигнете солидни резултати.

Јарец
Плановите што треба да ги реализирате, ќе мора да почекаат за некои подобри времиња, бидејќи ќе мора да се приспособите кон новонастанатата ситуација. Можеби мислите дека некој намерно ви стои на патот, меѓутоа станува збор за мали проблеми со кои ќе се соочите и за кои постои соодветно решение.

Водолија
Сакате околината да мисли дека се држите под контрола, но свесни сте дека тоа е далеку од вистина. Таквиот став не ќе може да ви помогне во ниту една ситуација, бидејќи ќе се појават потешкотии за кои ќе треба да употребите здрав разум, а не дополнителни проблеми. Подобро е да ја изберете опцијата и да бидете позитивно настроени кон другите, наместо да ја истакнувате вашата ароганција.

Риби
Избегнувајте да се надевате премногу кога немате основа за тоа. Не обвинувајте ги другите за личниот неуспех, бидејќи на тој начин уште повеќе ќе ја изгубите самодовербата во сопствениот потенцијал. Морате да научите дека за секоја постапка добро или лошо изведена, одговорноста оди исклучиво на ваша сметка.

Извор: Утрински весник

Facebook FAN page




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *