Top

Хороскоп за 09.11.2011 (среда)

Овен
Немојте долго и беспотребно да полемизирате, и без тоа може да очекувате успех на работното место. Подгответе се за можните редови во банка, пошта или мешаници во сообраќајот. Работете на своето ментално здравје. Не дозволувајте да се изнервирате и бурно да реагирате пред партнерот.

Бик
Пред да го донесете решението, добро размислете уште еднаш. Понудата за ново работно место е интересна, но не од големо значење за вашата иднина. Потиснете ги најдлабоките емоции. Во остварувањето на деловните замисли ќе имате безрезервна поддршка на една личност.

Близнаци
Она што го сакате не мора да биде исправно. Шефот е разочаран од вас и од вашата неодговорност. Ве очекуваат голем број непредвидени околности. Подгответе се на изненадувања што можат да ја подобрат емотивната состојба. Внимавајте на синусите, прстите и на рацете.

Рак
Ќе ве оптоваруваат ситуации од минатото. Нешто на кратко ќе го разниша вашиот мир. Двапати проверувајте ги резултатите од својата работа. Можна е некоја грешка во бројките. Ќе бидете чувствителни на туѓите проблеми. Внимавајте на желудникот.

Лав
Извесна е некоја материјална добивка. Очекувајте и понуда за добра заработувачка која пожелно е да ја прифатите. Некои ќе бидат изненадени од некој луксузен подарок. Внимателно одете по нерамни терени. Патувањата ве прават среќни особено ако се збогатени со интересно друштво.

Девица
Денеска, сосема случајно, може да дојдете во вербален конфликт со еден колега. Но не се вознемирувајте бидејќи токму тоа може да ви донесе успех. Бидете трпеливи и истрајни бидејќи ова е напорен период. Можни се пречки со варењето или желудникот. Не кревајте паника без причина.

Терезија
На работното место очекувајте интересни задачи кои морате да ги завршите.Тоа ќе го направите со задоволство. Ќе ви годи мирен начин на живот и тоа со одбрани личности. Избегнувајте ги големите друштва. Одморот од обемните обврски ќе дојде во вистински момент.

Скорпија
Избирајте работа што можете да ја завршите со помош на домашните и пријателите. Не сте многу сконцентрирани па затоа не работете тимски. Внимавајте на уринарниот тракт. Негувајте го доброто расположение особено кога сте во друштво на партнерот. Ќе ви годи заеднички одмор.

Стрелец
На работното место се’ оди како што сте замислиле. Бидете посериозни и ќе успеете да ги реализирате плановите. Однесувањето на партнерот ќе ве поттикне на вербални пресметки. Не ги земајте при срце зборовите. Ќе ве вознемири состојбата на една блиска личност.

Јарец
Успешно ќе ракувате со знаењето и со имотот на другите луѓе. Насочени сте кон финансиите и тоа добро ќе ви оди. Односите со партнерот не се сјајни затоа поминете повеќе време со него. Внимавајте на угледот. Ќе пронајдете пат до оптимизмот и отпуштеноста. Не правете сплетки!

Водолија
Бидете дисциплинирани кога е во прашање здравјето. Додека на едно поле ќе назадувате, на друго ќе ви се отвораат нови можности. Нервите ви се чувствителни. Внимавајте на исхраната. Ослободете се од црните мисли кои се врзани со партнерот бидејќи се се одвива одлично.

Риби
Соработниците ќе бидат воодушевени од вашите идеи и ќе ви помогнат да ги реализирате. Бидете доследни на своите изјави и ставови. Избирајте соработници на кои им верувате. Чувајте се од вирози, настинки и од проблеми со желудникот. Не почнувајте кавга со партнерот.

Извор: Утрински весник

Станете наш facebook фан.




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *