Top

Хороскоп за 07.11.2011 (понеделник)

Овен
Многу припадници на овој знак моментално се во ситуација да ја хранат суетата. Ве очекува однос со јавноста во комбинација со идеалната соработка со спротивниот пол. Лесно се приспособувате на околностите, се’ ви изгледа едноставно. Дај Боже да потрае оваа ситуација.

Бик
Пред вас е релативно успешен период. Чувствувате како камен да ви падна од срце, а ни самите не знаете поради што. Пред вас се поволни случувања. Најнапред одморете се од стресот, па потоа тргнете во акција. Не се сите шанси пропуштени. Имате време.

Близнаци
Сфативте дека со искреност ништо не можете да постигнете, па блефирате. Избегнувајте финансиски трансакции извесно време затоа што е можно да изгубите поголема сума пари. Имунитетот ви е ослабен, внимавајте на здравјето.

Рак
Влијаете на развојот на случувањата, а за тоа не сте ни свесни. Пред вас е среќен пресврт во професијата и во приватниот живот. Доколку планирате на долги патеки, ова е вистинскиот момент. Ретко кога сте во можност така јасно да ги поставувате работите на вистинското место.

Лав
Доколку успеете да ја совладате желбата за потчинување на другите, за кавга и насилни гестови, надевајте се за релативно успешен ден. Еден план е премногу убав за да биде реален, разгледајте го од друг агол. Бидејќи сте склони на настинки, бидете внимателни.

Девица
Смирете се и не реагирајте бурно во присуство на други. Штетите од таквото однесување ќе ги понесете првенствено вие. Пред вас се прекрасни моменти и ненадејни познанства, како и необични доживувања. Одличен ден не само за занимавање со уметноста, туку и за љубов.

Терезија
Морате да запнете, но не надевајте се дека обврските ќе ги решите преку ноќ. Процесот е макотрпен, а бидејќи важите за личност која е упорна, успехот нема да изостане. Здравствената состојба не е најдобра. Имате поддршка и разбирање од некој припадник на знакот Бик.

Скорпија
Конечно, чувствувате олеснување. Имавте тежок период, но ако сте паметни, од тој период ќе извлечете поука. Во спротивно, повторно ќе се удирате в ѕид. Искористете ги наредните денови да закрепнете од шоковите, но и да преземете некоја конкретна акција.

Стрелец
Иако не сте без проблеми, не се чувствувате лошо. Можеби добро ви доаѓа тоа што работите тргнаа во најдобар правец. Ќе направите многу работи што се типични за припадниците на вашиот знак. Наместо да готвите и приготвувате, предложете му на партнерот да излезете во ресторан.

Јарец
Обидете се во работата да го пронајдете одговорот за вашето незадоволство. Ако ги избегнувате финансиските вложувања и се грижите повеќе за парите, постои шанса да ги ублажите непријатностите. Можни се проблеми врзани за работата на црниот дроб. Посетете го лекарот.

Водолија
Во одлична форма сте, опкружени со луѓе, се дружите и комуницирате максимално. Партнерот е единствената личност со која разбирањето ви е слабо. Треба да направите нешто за односите меѓу вас да се поправат. Ако тоа ви изгледа бесмислено, размислувајте за друга варијанта.

Риби
Кога повеќе би работеле, а помалку зборувале, тоа би било одлично. Во фаза сте кога барате леб преку погача, а да го добиете тоа е речиси невозможно. Нема да ви се случи. Среќата во овој момент е привидна, ве очекува финансиска загуба. Посетете го лекарот и направете контролен преглед на здравјето.

Извор: Утрински весник

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *