Овен
Големите финансиски планови што сте ги започнале ненадејно изгледаат доста комплицирано. Важно е да се концентрирате на своите приоритетни цели. Не дозволувајте некој да ве обесхрабри со своите песимистички прогнози. Повремено имате лоша процена и очекување на расплет на случувањата од љубовниот живот.
Бик
Во својот типичен манир сте осмислиле идеален план со намера да ги остварите своите практични резултати на различните страни. Добро се снаоѓате во ситуација кога треба да се донесе важна одлука од заеднички интерес, умеете правилно да се наметнете пред соработниците. Нема потреба да се правдате пред драгото лице, покажете ја позитивната страна од себе.
Близнаци
Со одредена доза на мудроста и професионалната тактика, лесно може да се наметнете пред соработниците кои имаат важна улога во работните преговори. Комплиментите кои ги добивате од некого отстрана ве наведуваат на погрешна емотивни очекувања. Ви недостасува добар увид и нови случување што го заобиколуваат партнеровото внимание.
Рак
Потребно е да се определите за ново или ефикасно решение. Немојте да дозволите новите случувања да ве водат кон расипување на ниските страсти во односот со саканото лице. Сензитивно реагирате на различните ситници и изгледате разочарано, посебно кога работите кога не одат во саканиот правец.
Лав
Важно ви е да ги завршите планираните обврски во одредениот рок. Во љубовниот живот изгледате доста промислено и трезвено. Сакате да воспоставите добра емотивна контрола на новите случувања. Смислено одбирате вистински момент, да ги остварите своите намери или на саканото лице да му ги соопштите важните планови.
Девица
Составете листа на приоритети и јасно дефинирајте ги своите цели. Повремено вашите чувства и разум се наоѓаат во иста насока, но тоа вам нема да ви попречи за да ги остварите своите љубовни намери. Вашето однесување на најдобар начин го отсликува расположението кое го чувствувате во нечие присуство.
Терезија
Потребно е да го процените точниот исход во некои важни преговори. Меѓутоа, ве следи чувство на неизвесност, бидејќи соработниците често го менуваат своето мислење или, пак, одлуките. Можеби вашиот љубовен живот стои на цврсти нозе, па затоа се чувствувате одлично во нечие присуство и зрачите со позитивна енергија.
Скорпија
На соработниците им е важно да се чуе вашето мислење, но важно е да постојат работи за кои не треба јавна расправа. По потреба го менувате своето однесување или пак одлуките, но ниедна емотивна улога не ги задоволува целосно вашите очекувања. Се обидувате да го подобрите емотивното недоразбирање со блиското лице.
Стрелец
Понекогаш изгледате нескромно во процената на личните можности, н,о сепак, не можете да прескокнете одредени фази во работата што водат до завршни резултати. Немојте да дозволите работите премногу да се искомплицираат, направете се’ што е потребно за да ја задржите хармоничната атмосфера.
Јарец
Ќе бидете во ситуација да го дадете максимумот од себе. Бидејќи знаете дека тоа води до решавање на проблемите, запнете. Бидете внимателни, бидејќи во таква состојба можете да предизвикате непријатност. Ве нервира како се однесува партнерот, но и неговите постапки.
Водолија
Задоволството што ве следи во односот со саканото лице позитивно се рефлектира на вашето креативно расположение и на севкупното однесување. Доколку сте млади или слободни, проверете ги вашите заводнички способности и манири во нечие друштво.
Риби
Припадниците на овој знак се концентрирани кон решавањето на важни проблеми поврзани со домот и семејството. Сепак, за донесување конечно решение, ќе треба да почекате подобри времиња, бидејќи планетите ве советуваат дека моментално не се наоѓате во добра позиција за преземање крупни чекори.
Извор: Утрински весник
![]()
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!