Top

Хороскоп за 05.09.2012 (среда)

Овен
Се обидувате на специфичен начин да го изразите своето мислење. Ако бидете несфатени, не си ја заморувајте главата, станува збор за личности кои не ви се достојни. Брзината на мислите и силната интелектуална енергија пожелно е да ја искористите на паметен начин.

Бик
Комуникативен ден е пред вас, искористете го паметно. Не се оптоварувајте со другите, туку фокусирајте се на моментално важните работи во својот живот. Ќе успеете да го совладате предизвикот. Надевајте се на успех доколку се занимавате со пишување или туризам.

Близнаци
Задоцнетите приходи стигнуваат. Задоволно ги триете рацете, бидејќи парите се во прашање. Дури и постои шанса некој пријатно да ве изненади со подарок. Во врска со парите не одете од крајност во крајност. Ќе бидете во ситуација во која од одлуката зависи резултатот.

Рак
Само со конкретно остварување ќе докажете колку вредите. Денес функционирате согласно со тоа. Благодарение на организаторските способности, постигнувате повеќе отколку што сте планирале. Доколку сте пообразовани, имате поголема шанса за напредок во деловната хиерархија.

Лав
Благодарение на поволните планетарни влијанија, размислувате креативно. Склони сте на спектакли, водење љубов, уживање и уметност. Моментално ве привлекува се што е потикнувачко. Опасност може да се јави во вид на тврдоглавост.

Девица
Пријателите ви помагаат. Бидејќи самотијата ве убива, се обидувате да бидете во друштво. Не претерувајте со раскажувањето на своите проблеми, бидејќи оние кои ви се важни може да се разбегаат. Не заборавајте дека за другите сте добри само ако се прифатите себе си.

Терезија
Итно обрнете внимание на здравјето, посебно ако сте пушач, бидејќи си ги загрозувате белите дробови. Ви се советува прошетка на свеж воздух, и не оптоварувајте се со туѓи проблеми. Болеста на некој близок ве загрижува, но од грижите се обидувате да се дистанцирате.

Скорпија
Дојде време кога од зборови треба да преминете на дела. Иако не е идеално време за работа, морате да мрднете од мртва точка и да ги промените работите кои ве прават незадоволни. Во меѓувреме, решивте да бидете директни и активни. Ако не денес, макар во текот на престојниот период.

Стрелец
Многу поволен период за продажба или издавање на недвижнини. Многу време поминувате надвор од домот и размислувате за промена на живеалиштето. Нервозата и напнатоста се реакција на семејните конфликти и трачови на кои не можете да останете имуни.

Јарец
Ќе бидете во ситуација некому да му помогнете и да анализирате туѓи проблеми. Во односот со околината ви недостига самодоверба. Се обидувате да се повлечете за да ја скриете оваа состојба.Доживувањата се субјективни, па не дозволувајте партнерот да ја забележи оваа несигурност.

Водолија
Не обрнувате внимание на семејните проблеми, туку се обидувате да профитирате од ситуацијата. Во очекување сте на патувањето во странство или вести од некој кој е далеку. Доколку работата со која се занимавате е врзана за патување обидете се да го споите убавото со корисното.

Риби
Клучниот проблем е партнерско-брачниот однос. Многу Риби тешко може да ја сфатат личноста до вас, бидејќи таа е сосема спротивна од вас. За тоа требало да се грижите порано. Сега се советува градење однос со трпение и доверба.

Извор: Утрински весник

Станете наш facebook фан.




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *