Top

Хороскоп за 06.09.2012 (четврток)

ОВЕН
Обидете се да најдете внатрешен мир. Не очекувајте од другите да ги исполнуваат вашите желби и да ги читаат вашите мисли. Не сте задоволни, но дали преземате нешто конкретно за да го решите проблемот? Засега само го премотувате филмот и не правите ништо.

БИК
Ситуацијата бара сериозен пристап и добра концентрација, а нив ги имате во изобилство. Иако ќе направите се’ што е во ваша моќ, па дури и повеќе од тоа, сепак, нема да бидете задоволни. Интуитивно чувствувате дека некој кој ви е важен се однесува неискрено спрема вас, а вие страдате поради тоа.

БЛИЗНАЦИ
Непланираните настани може да ви ги одвлечат мислите од болестите и другите проблеми. Токму денеска некој кој умее да ве релаксира ќе ви предложи интересна идеја, а тоа ќе ве натера да размислувате во позитивна насока.

РАК
Се наоѓате во фаза на очекување на пријатни и возбудливи настани. Планирате патување од кое многу очекувате. Бевте преангажирани во изминатиов период така што одморот одлично ќе ви дојде. Влеговте во поволен период, придружен со конкретни успеси.

ЛАВ
Уметничките склоности се изразени, така што во се’ гледате убавина. Она што не ви одговара – обидете се да не го забележувате. Сите денешни постапки се на место, а вие сте повеќе од задоволни. На момент ќе ви светне мисла дека патот до среќата е едноставен!

ДЕВИЦА
Конфузни сте. Не преземајте ништо за да излезете од хаосот зашто така само ќе ја влошите ситуацијата. Можни се финансиски загуби, емотивни незадоволства и болести врзани со собирањето течности во организмот. Не обвинувајте ги другите за вашите слабости.

ТЕРЕЗИЈА
И понатаму се вртите во круг. На суво сте, па се обидувате да се вратите во вода. Додека го правите тоа, размислете за сопствените грешки. Обидете се да промените нешто кај себе. Малкумина од вас знаат што сакаат – повеќето лутаат и ги повторуваат истите грешки.

СКОРПИЈА
Кај вас ништо не се знае – тоа е сознание кое страшно го привлекува вашиот партнер. На моменти сте мирни и меки како памук, а на моменти избувнувате и поради најмалите ситници. Моментално сте во негативна фаза. Размислувате црно, а постапките на партнерот ве излудуваат.

СТРЕЛЕЦ
Работите вредно, темелни сте и сериозни. Проблемот се јавува во вид на ситничарење и желба за перфекција во работите кои ви се важни. Полека ви се враќа сигурноста и поддршката, така што имате убаво мислење за себе – што е причина повеќе да владеете со ситуацијата.

ЈАРЕЦ
Наклонетоста кон настинки е изразена. Можеби тоа е причината поради која се чувствувате омалаксано? Сите постапки се во согласност со моменталната состојба. Расправиите, навредите и помирувањата се само вентил за исфрлање на насобраната напнатост.

ВОДОЛИЈА
Дејствувате магнетски привлечно врз околината. Одлично заведувате или барем се обидувате да се претставите во такво светло. Не сте задоволни од развојот на љубовните, односно брачни односи. Конфликтите со спротивниот пол имаат длабоки корени.

РИБИ
Препорачливо е да земете пасивен одмор. Дружењата не се идеално решение, зашто не сте добри ни за себеси, ни за другите. Размислете околу тоа колку во изминатите денови бевте посветени на себеси, а колку време минавте во водење грижа за другите. Несебично се давате.

Извор: Утрински весник

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>