Oвен
Иако на прв поглед изгледате смирено, сепак, сакате да пукнете од бес. Извесна ситуација ве извади од такт. Најдобро би било да се ослободите од незадоволствата, бидејќи може да се јават здравствени проблеми. Загрозени ви се срцето и нервите.
Бик
Кога ќе наумите нешто, ништо не може да ве спречи. Бидете разумни и помалку тврдоглави ако сакате работите да се одвиваат по планот. Долго се грижите за другите, но крајно време е да посветите внимание на здравјето.
Близнаци
Можни се изненадни љубовни случувања. Се’ се одвива во ваш стил со многу спонтаност и љубовни освојувања. Се отвораат можности за уметнички развој, затоа ви се советува максимално да ги искористите. Нека не ве изненадуваат проблеми од хормонална природа.
Рак
Доколку сакате да постигнете нешто на личен план, немојте да седите со скрстени раце. Кога станува збор за работата, се’ се одвива според планираното, но имате блокади во сопствените проблеми. Ништо нема да дојде само по себе, ангажирајте се повеќе.
Лав
Ќе се каете доколку донесете непромислени одлуки. Потрудете се да ја искористите својата емотивна ситуација, но внимавајте да не згрешите. Тукушто закрепнавте од еден неуспех, внимавајте да не западнете во нов.
Девица
Слободните моменти поминете ги во кругот на семејството. Долго време се наоѓавте во емотивна заблуда, но конечно ја сфативте пораката од сета таа ситуација. Бидете внимателни и работите ќе се одвиваат во вистински правец.
Терезија
Ова е одличен ден. Се’ ви оди од рака, добро се чувствувате, а за тоа нема конкретна причина. Искористете го краткиот прилив на позитивни вибрации за да ги завршите работите кои долго време стагнираат. Бидете оптимисти.
Скорпија
Работата бара од вас поголема комуникација што може добро да ви годи. Во добра форма сте и се’ добро ви оди на работното место. Бидете внимателни и не нервирајте се за расправиите со партнерот, потрудете се да ја контролирате ситуацијата.
Стрелец
Работите нешта кои се одвиваат пред очите на јавноста. Многумина од вас очекуваат да се случи нешто невозможно. Доста сте хаотични и преморени, па затоа потрудете се работите да ги ставите на свое место.
Јарец
Разочарувањата кои ги доживувате се последица на идеолошкиот поглед на животот. Морате да бидете остроумни и да ги проценувате луѓето и околностите. Се’ уште добро ви оди во уметноста, додека материјалните проблеми растат.
Водолија
Лесно може да се случи она што го очекувате, да се заљубите. Не е битно дали ќе ја конкретизирате врската, но чувствувајте се добро. Никој не може да сака како вас, но внимавајте да не се јават проблеми.
Риби
Полека ви олеснува од се’. Проблемот целосно не е решен, затоа најдобро би било да бидете трпеливи и упорни. Решени сте од корен да го промените однесувањето и да посветите внимание на здравјето.
Извор: Утрински весник
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!