Top

Хороскоп за 01.09.2012 (сабота)

Овен
И понатаму сте премногу напнати, a до кога ќе можете да работите со вакво темпо е голема енигма. Многу работи ќе ви станат јасни и ќе сфатите дека беспотребно сте се измачиле. Одморајте се и потрудете се да се релаксирате и физички и психички.

Бик
Се’ што посакувавте добивте. Се нервирате, а тоа е моментална појава. Влегувате во период на лоша комуникација, па подгответе се за последиците. Здравјето ви е осетливо, а особено срцето и нервите.

Близнаци
Расположението ви е премногу променливо. Се чувствувате фрлени во погрешно време на погрешно место. Размислувањата за промена на работното место не се без промена. Незадоволни сте од ситуацијата, но морате да бидете трпеливи.

Рак
Незадоволни сте од се’, а најмногу од себеси. Премногу грешите, затоа веднаш посветете внимание на вашиот физички изглед. Морате да соберете храброст за довршување на обврските.

Лав
Бидејќи доволно се истрошивте на емотивен план, решени сте да почнете да работите. Крајно време беше да донесете ваква одлука, работата ви е наталожена. Немојте да се оптоварувате со моменталната стагнација на љубовта. Наскоро ќе бидете на седмо небо.

Девица
Пред вас е успешен ден и се’ е под контрола. Сонувате за средба од која многу очекувате. Преиспитајте се добро што сакате точно да промените во животот. Околностите го бараат тоа од вас. Бидете внимателни, бидејќи понатамошните случувања зависат од тоа.

Терезија
Ви се нудат многу поволни можности, а вам ви е оставено да ја изберете вистинската. Во добра состојба сте, а и нервозата е исчезната. Уживате во сите аспекти на животот, а особено кога ги решавате меѓучовечките односи.

Скорпија
За доброто расположение и пријатните моменти во друштво со саканото лице се заслужни позитивните вибрации на планетите. Од вас се очекува позитивна енергија, но под услов да не се олабавувате. Насочете се кон работата.

Стрелец
Пред вас е убав ден кој може да донесе интересна средба. Олабавете се и на момент одложете го проблемот. Што и да одлучите ќе биде исправно, а очекувајте важен момент за да дознаете на што сте. Неизвесноста е непријатна, но ќе трае кратко.

Јарец
Многу припадници на знаков имаат здравствени проблеми кои се последица на погрешниот начин на живеење. Преоптоварени ви се органите за варење и тоа се одразува на моменталната ситуација на организмот. Имате доста обврски во домот, па извршете ги.

Водолија
Имате работа преку глава, што и не е така лошо. Под услов да немате што да работите, потрудете се да размислувате за работи кои се нерешливи. Нема потреба да се грижите за здравјето. За да успеете да се извлечете од кризата, променете го пристапот кон проблемите.

Риби
Нервозата моментално е нагласена. Долго сте прикривале нешто од соработниците и сега сакате да ја исправите грешката. Многу работи ви заостануваат. Морате да научите како да ги решавате проблемите постепено.

Извор: Утрински весник

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>