Top

Хороскоп за 03.02.2012 (петок)

Овен
Сфаќате дека ви недостасува поддршка , па решени сте да ги засукате ракавите и сами да се снаоѓате. Немојте да дозволите тоа да се одрази на вашиот однос со соработниците кои многу очекуваат од тимската работа. Немате потреба да се повлекувате и дистанцирате.

Бик
Се колебате помеѓу две финансиско – професионални понуди. Но се покажува дека ниту една не е идеално решние кое би ги задоволило вашите очекувања. Нема причина да влијаете на саканата личност, работите сами ќе дојдат на свое место.

Близнаци
Пред вас е исклучително успешен професионален ден. Доколку не ја искористите приликата, не очајувајте, размислете зошто тоа ви се случува. Незадоволни сте со развојот на емотивната ситуација. Мислите дека не добивате доволно внимание од партнерот, но грешите.

Рак
Постојат недоразбирања во професионалните преговори, потрудете се да не се нервирате . Можни се сериозни проблеми со здравјето. Во средбите со партнерот делувате напнато, потрудете се да бидете потрпеливи и не оптеретувајте се со непотребни работи.

Лав
Голем дел од припадниците на знакот ќе бидат во состојба многу да зборуваат а малку да работат. Кога е веќе така потрудете се да бидете објективни, не преценувајте се себеси. Потрудете се да добиете конкретна одлука. Од вас се очекува да превземете нешто конкретно.

Девица
Доколку ве иритира нечие непрофесионално однесување, потрудете се да ги контролирате своите негативни импулси. Искреноста пред саканата личност влијае на подобро разбирање. Обрнете внимание на правилната исхрана или занимавајте се со спорт.

Терезија
Нема причина да очекувате нешто од оние кои не ги поддржуваат вашите ставови. Го губите драгоценото време и непотребно инсистирате на вистината. Потребна ви е емотивна дискреција, бидете внимателни и избегнувајте авантуристички идеи.

Скорпија
Очигледни се киксеви на емотивен план и тоа поради погрешна проценка. Ова е одличен период за занимавање со уметност. Доколку нешто на материјален план ви создава маки, насочете се кон духовните вредности ако сакате да бидете задоволни.

Стрелец
Се трудите да се докажете во работата. Само инертните припадници на знакот, кои ништо не превземаат водат обичен живот. Рационалноста е изразена, а тоа е добро. Потрудете се да се насочите кон сопствените потреби и да престанете да се грижите за другите.

Јарец
Не можете да ги промените општите услови и расположение кое владее во професионалните кругови. Постојано нешто ве нервира, затоа најдобро е да се посветите на бракот каде може да најдете мир. Обрнете внимание на здравствените проблеми со кои се соочува некој од вашите блиски.

Водолија
Изненадна професионална непријатност или расправија со некој близок може да ве исфрлат од контрола. Бидете промислени и не правете проблеми. Партнерот не сака дополнително да ве оптоварува со своите проблеми. Внимавајте на здравјето.

Риби
Договор со една личност укажува на можно недоразбирање и потенцијален неуспех. Ви недостасуваат сериозни луѓе покрај вас. Делувате премногу резервирано и недоверливо, а партнерот нема намера да ве разубедува во вашите емотивни сомнежи.

Извор: Утрински весник

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *