Top

Хороскоп за 02.02.2012 (четврток)

Овен
Ќе се возбудите поради плановите околу некое патување. Функционирате пречувствително во разните видови комуникација, па лесно можете да дојдете во ситуација да избувнете. Тоа не ви се советува.

Бик
Денешниов ден ќе биде во знакот на љубовта. Ви се советува да се насочите кон она на што можете да влијаете. Некое унапредување е на повидок, затоа смирено и трпеливо и резултатите се тука.

Близнаци
Со некој кој се наоѓа многу подалеку од вас воспоставувате ментален контакт. Тоа се нарекува телепатија. Доколку односната личност не ви се јави, побарајте ја вие неа.

Рак
Пред вас е возбудлив ден во кој ќе функционирате потпирајќи се на емоциите, а не на разумот. Одлуките нема да бидат баш исправни, па не претерувајте со нивното донесување. Само трпеливо.

Лав
Ќе настанат проблеми доколку вашето сакано лице не возврати со иста мера. Пречувствителноста и лошото здравје, првенствено психичкото, лесно ќе го пребродат жените. Машките Лавови се силни само на прв поглед.

Девица
Доколку вашите соработници се обидат да ве испровоцираат, не дозволувајте им го тоа задоволство. Не спуштајте се на ниско ниво, бидејќи подоцна тешко ќе се вратите на почетната позиција.

Терезија
Под услов да ја сфативте суштината, имате шанса да уживате. Но доколку почнете да си поставувате прашања во стилот – што би било кога би било – тешко дека нешто ќе ви појде од рака.

Скорпија
На моменти излегувате од состојбата на летаргија. Свесни сте дека проблемите не се решаваат лесно, па сега трпеливо чекате. Уште ако се обидовте да послушате нечиј совет и да прочитате меѓу редови, се’ би било одлично.

Стрелец
Брачно-партнерски расправии во комбинација со нова љубов. Што се случува со вас? Зошто толку хистерија кога ни малку нема потреба од неа? Во таква состојба проблемите не се решаваат.

Јарец
Упорно и одлучно истрајувате на сите полиња. Пречувствителноста и чувството дека никој не ве разбира се само субјективни. Сите ве сакаат и ве почитуваат, само тоа тешко допира до вашето срце.

Водолија
Благите бранови на нервоза ќе бидат угасени во старт. Занимавајте се со хоби, спорт, деца… Некои припадници на овој знак среќата ќе ја пронајдат во нова страсна љубовна врска.

Риби
Моќта на имагинација е зголемена, па со нејзина помош ќе дојдете до решенија на проблемите. Партнерот ве опсипува со нежност и внимание, и не се одвојува од вас. Што би можеле повеќе да посакате.

Извор: Утрински весник

Станете наш facebook фан.




1 Коментари

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *