Top

Хороскоп за 02.11.2012 (петок)

Овен
По секоја цена сакате да ги остварите целите, не осврнувајќи се на препреките. Се поставува прашањето до кога би можеле да издржите со такво темпо? Да не претерувате малку? На работното место благодарение на вашата зголемена амбиција, успехот е неминовен. Избегнувајте манипулативни игри ако сакате да извлечете голема корист.

Бик
Ја шармирате средината на различни начини: се’ зависи од тоа што бара дадената ситуација. На работното место можат да се појават проблеми во вид на површност и желба за одолжување на некои работи. И здравјето не е во најдобар ред. Можни се проблеми со бубрезите, уринарниот тракт и жлездите. Се’ зависи од тоа колку одговорно се однесувате кон нив.

Близнаци
Поминувате низ една криза од која ќе излезете благородни и квалитетни. Бидејќи се’ ви здодеа, морате да научите да го совладате овој проблем. На работното место парите ќе ги заработите на нелегален и сомнителен начин. Можни се загуби во врска со тоа. Сфаќате дека во нешто вложивте повеќе отколку што било потребно. Кога се работи за здравјето можни се проблеми со грлото или жлездите.

Рак
Влеговте во мирна фаза. Претходните денови не можевте да се смирите, но сега проблемите се зад вас. Обидете се да се дистанцирате од средината. На работното место благодарение на позитивните планетарни аспекти, надевајте се на добивка, и тоа не само материјална. Во фаза сте на добивање пофалби и унапредувања. Кога се работи за вашето здравје се’ е во ред.

Лав
Промените кои ви се случија се само природен резултат на околностите. Можеби се брзи, но моравте на нив навреме да мислите и да поведете сметка. На работното место ќе имате многу среќа, но нема да бидете свесни за тоа. Таман кога ќе помислите дека сте пред крах, решението ќе пристигне. Кога се работи за вашето здравје можни се некои инфекции и проблеми од психичка природа.

Девица
Се чувствувате повеќе од добро, но тоа не е причина да бидете тврдоглави и невротични. Почекајте поволен момент да тргнете во акција. Кога се работи за вашата работа, ќе бидете спремни да тргнете во нови работни потфати. Проблемот може да започне доколку ве издаде трпението. Ќе мислите дека вашите соработници ви отежнуваат во работата.

Терезија
Уживате во сите видови задоволства. А кога не сте уживале? Смислата за убаво е изразена, така што со својата елеганција и шарм ќе ја привлечете средината. На работното место ќе се соочите со премногу обврски. Бидејќи крајот на маките веќе се гледа, тоа сознание ќе ви даде мотив повеќе да истраете.

Скорпија
Откако појасно ги согледавте работите, ситуацијата се промени. Морате од нешто да се откажете што нема да ви дојде така лесно. На работното место ќе се соочите со вистински работен метеж. Размислете зошто во работата ги внесувате емоциите, а во љубовта разумот? Некаде грешите. Стомакот оваа недела ќе биде вашата слаба точка. Сето тоа е поради неконтролираното внесување храна.

Стрелец
Зголемена ви е енергијата и желбата да истраете. Ќе се нервирате ако видите дека резултатите не пристигнат веднаш. На работното место се’ ќе се одвива во стилот сака – не сака. Соработниците ќе ви ласкаат и ќе се обидуваат со убави зборови да ги ублажат проблемите. Здравјето е добро, освен некоја блага нервоза, но кога ќе сфатите дека на некои околности не можете да влијаете, и тоа ќе се среди.

Јарец
Се’ се одвива во стилот еден чекор напред, два назад. Бидете трпеливи и можно е да ја дочекате големата пресвртница. Во работата успех можат да имаат само оние припадници на овој знак кои работат во здравството или установите од затворен тип. Останатите би можеле да бидат конфузни. Здравјето не е во најдобар ред. Можен е некој вид изолација.

Водолија
Ќе доживеете духовен процвет, па не дозволувајте со глупости да го расипете. Ве очекува голем напредок во работната хиерархија. Не дозволувајте тој да ве успие, бидејќи доколку заспиете, шансите да се разбудите се минимални. Кога се работи за вашето здравје ви се советува помалку да зборувате и да не се оптоварувате со секакви глупости.

Риби
Емотивноста е нагласена. Ќе се најдете во ситуација таа ваша состојба да ја покажете таму каде што не е потребно. Понекогаш треба да се сочува личното достоинство и интегритет. На работното место ќе се соочите со многу нови работни предизвици. Новите идеи ќе донесат и поголема заработка.

Извор: Утрински Весник

Станете наш facebook фан.




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *