Top

Хороскоп за 13.11.2012 (вторник)

Овен
Денес се нервирате многу повеќе отколку порано, а главната причина е љубовта. Односите со спротивниот пол не се ниту лоши ниту добри, а просечноста толку многу ве излудува што со шокови сакате од саканата личност да изнудите признание. Нешто треба да направите за да тргнат работите.

Бик
Лесно остварувате успешна тимска работа, а не сте задоволни. Проблемите се јавуваат кога најмалку се надевате. Внимавајте повеќе околу здравјето, доколку продолжите да се нервирате со ова темпо, може да си ја нарушите здравствената состојба. Променете го начинот на живот.

Близнаци
Пред вас е напорен период, но вие сте полни со сила да се изборите со него. Ви се поставуваат некои барања кои тешко можете да ги исполните, но ќе успеете. Чувствителни сте на проблемите со партнерот, па денес нема да ги решите. Стрпете се неколку дена. 

Рак
На постапките влијаат и планетите, пречувствителни сте и склони околината да ја доживувате негативно. Бидејќи станува збор за минлива криза, секој погрешен гест може да има трајни последици. Вклучете го разумот максимално.

Лав
За сите ограничувања одговорот побарајте го во чувството на пониска вредност. Преиспитајте колку е тоа основано. Извесната ситуација ве прави неодлучни до таа мера што тоа прераснува во мачење на самите себе. Итно менувајте ги ставовите. Свртете се кон приватниот живот.

Девица
Вложувате максимум сила во остварување на извесен проект. До таа мера сте преокупирани со желбата да истраете, така што немате време да се оптоварувате со секундарни нешта. Заминувањето на пат може да биде уште една во низата обврски, но пријатни. Се’ ќе совладате, но внимавајте да не се повредите.

Терезија
Проблеми на сите страни, а кога ги немате, можете да ги измислите. За денешните проблеми постои реално оправдување. Бидејќи сте упорни и издржливи, нема сомнение дека лесно ќе ги поминете. Нема да биде лесно, но стрпливо и со разбирање ќе ја постигнете целта.

Скорпија
Можни се домашни проблеми. Настојувајте да ги санирате. Пожелно е да ги прифатите обврските и во тишина да ги решите. Бидејќи консумирате храна само на нервна база, ставете катанец на фрижидерот. Посветете се повеќе на себеси и на сопственото здравје.

Стрелец
Уметничките склоности и желбата за уживање може да дојдат во комбинација со нервозата. Ова првото може да го засилите, а за да ги избегнете непријатностите, бидете внимателни. Со Водолиите не влегувајте во конфликти, зашто ќе изгубите. И од Овните што подалеку.

Јарец
Се нервирате надевајќи се дека ќе ги докажете сопствените вредности во очите на партнерот. Мажите Јарци се преокупирани со страсни размислувања за некоја личност или работа. Се случуваат дијаметрално спротивни нешта. Жените Јарци се подложни на гинеколошки проблеми.

Водолија
Ѓаволот не ви дава мир. Постојано ги искусувате сопствените можности сакајќи што повеќе. Бидејќи желбата за независност е изразена, ако детално преиспитате некои ставови, од случувањата ќе извлечете максимум. Во спротивно, избрзаноста може многу да ве чини.

Риби
Опкружени сте со жени. Бидејќи се однесувате емотивно спрема околината, а со тоа е засилена дозата на емпатија, ќе сакате да се доверите и да побарате совет. Денешните дружења се на духовен план. Искористете ги своите можности на адекватен начин, бидејќи само во тој случај нема да имате време да се нервирате.

Извор: Утрински весник

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>