Top

Репертоар на Драмски театар – Скопје (16 – 22.05.2011)

Оваа недела, од 16.05 до 22.05.2011година, на репертоарот на Драмски театар – Скопје ќе имате можност да ги проследите следниве претстави:

Демонот од Дебармаало (16.05.2011 – понеделник, 20:00 часот) од Горан Стефановски во режија на Слободан Унковски. На сцената ќе ги видите Јовица Михајловски, Билјана Беличанец-Алексиќ, Јелена Јованова, Трајанка Илиева; Дејан Лилиќ, Драган Спасов, Сашо Тасевски, Марин Бабиќ, Јелена Жугиќ и Диме Илиев.

Како да ја убиеш сопругата и зошто (17.05.2011 – вторник, 20:00 часот) од Антонио Амури во улога на Катерина Коцевска и Ѓокица Лукаревски.


Спиноза (21.05.2011 – сабота, 20:00 часот) од Гоце Смилевски, во режија на Зоја Бузалковска. Улогите за Спиноза им се доверени на Васил Зафирчев, Александар Степанулески, Дарја Ризова, Катина Иванова, Борче Начев и Петар Стојановски.

Воедно, чест ни е да ве информираме дека Шекспировата “Хамлет” во режија на Дејан Пројковски на 18, 19 и 20-ти мај ќе готува во Атеље 212Белград, Србија.

iLike.mk во соработка со Драмски театар Скопје Ви доделува по две гратис карти за секоја од горенаведените претстави. Вашето име и презиме испратете го на gratisi@ilike.mk, а притоа напоменете која претстава би сакале да ја проследите. Доколку сте добитник на гратис билети ќе бидете известени по меил.

Facebook FAN page




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *