Олово на перница (09.05.2011 – понеделник, 20:00 часот) под режисерката палка на Димче Николовски, чие премиерно издание беше на 13-ти март оваа година. Главните улоги им се доверени на Јелена Жугиќ, Бранко Ѓорчев, Игор Стојчевски и Драгана Костадиновска.
Умри машки (10.05.2011 – вторник, 20:00 часот). “Умри машки“ од Алдо Николај, во режија на Коле Ангеловски премиерно беше прикажана на 12 јануари 1996 година во Драмскиот театар Скопје. Во главните улоги ќе ги видите: Јелена Жугиќ, Драган Спасов-Дац и Бранко Ѓорчев. Музиката е дело на Андреј Белјан, а, кореографија Кренаре Невзати – Кери.
БААЛ (11.05.2011 – среда, 20:00 часот) од Бертолт Брехт во режија на Мартин Кочовски. Улогите им се доверени на Зоран Љутков, Ванчо Петрушевски, Маја Вељковиќ-Пановска, Игор Ангелов, Ѓокица Лукаревски, Филип Трајковиќ, Јана Стојановска, Марија Стефановска, Ева Скендеровска, Ѓорѓи Тодоровски, Катерина Шехтанска-Лаковски, Валдета Исмаили, Никола Ацески, Денис Абдула, Валентин Костадиновски и Жарко Димоски.

Како да ја убиеш сопругата и зошто (12.05.2011 – четврток, 20:00 часот) од Антонио Амури во улога на Катерина Коцевска и Ѓокица Лукаревски.

2012 – ПОСЛЕДНИТЕ МАКЕДОНЦИ (13.05.2011 – петок, 20:00 часот) на авторите Сашо Миленковски, Тихомир Спировски, Велика Стојкова – Серафимовска, Марко Коловски, Бојан Трифуновски, Љупчо Маневски, Снежана Балканска и Венко Серафимов. Во улоги на Билјана Беличанец-Алексиќ, Билјана Драгичевиќ – Пројковска, Трајанка Илиева, Рубенс Муратовски, Зоран Љутков и Игор Ангелов.
Крвта не е вода (14.05.2011 – сабота, 21:00 часот) од Сашо Колоканов, во режија на Сашо Миленковски. На сцената ќе ги видите Иван Петрушевски, Гораст Цветковски, Сашо Коцев, Игор Стојчевски, Билјана Беличанец -Алексиќ.
![]()
iLike.mk во соработка со Драмски театар Скопје Ви доделува по две гратис карти за секоја од горенаведените претстави. Вашето име и презиме испратете го на gratisi@ilike.mk, а притоа напоменете која претстава би сакале да ја проследите. Доколку сте добитник на гратис билети ќе бидете известени по меил.
![]()
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!