Името ми е Сараево. Никогаш не бев дете. Кога се викаш Сараево престануваш да бидеш дете во истиот миг кога кога воздухот почнува да мириса на крв. Стануваш последица од сопственото време. Од сопственото невреме. Со Сараево те боли лицето, станува нешто друго. Знаеш колку девојчиња престанаа да бидат девојчиња? Сараево знае. Знам и јас. Едно од тие деца сум. Го носиме сите своето сакато Сараево по телото. Сараево не заборава. Не можам да заборавам ни јас. Знаеш што им се случува на тие девојчиња? Стануваат дупки. Дупки кои завршуваат во дупки. Дупки без среќни ѕвезди. Сосема мртви дупки. Сараево една дупка, ти внатре уште една. Уште една јас. Девојчиња кои се викаат дупка. Би дала сè за да го чуеш она кое го молчам. Колку молчам? Колку сите неми деца кои умреле како деца. Со тие солзи во очите молчам. И со тој страв во грлото. Не можам да прозборам. Страв ми е. Страв ми е дека ќе ми излезе од устата и ќе ме лапне. Дека ќе ме голтне засекогаш. Немам што друго да ти кажам. Не ме прашувај. Останало таму. Некаде. Некаде кај што останав и јас.
Името ми е Сараево и стара сум колку една младост која никогаш не се случила. Прва љубов ми беше мислата да престане сето тоа. Се заљубував во таа мисла одново и тогаш ќе дојдеше некој маж со пушка, ќе ме погледнеше во очите и ќе ми умреше првата љубов. Многу први љубови ми умреа. Никогаш не ги закопав. Не знам како се закопува мислата кога животот ти станува масовна гробница. Нема место за толку трупови.
Некои други деца откопуваат детски черепи по градините денес. Не се брише. Не може да се избрише. Како да го избришеш лицето кое запамтило сé? Како очите? Ме боли до ден денес. Секоја буква од неговото име. Од моето име. И нема да престане.

Автор: Сашо Димоски
![]()
Сакате да објавите проза или поезија на iLike.mk? Пишете ни на contact@ilike.mk.
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!