Овен
Прифатете корисна идеја и покажете спремност на заеднички договор. Вашите цели се достижни со правилно расудување и добра деловна тактика. Не дозволувајте да ви недостига фантазија или емотивна инспирација. Партнерот будно ве прати, посебно вашето однесување.
Бик
Некој ве наведува на погрешен избор или на прикривање на вистината. Постојат работи кои ги правите во тајност или без нечие знаење, непотребно го комплицирате деловниот дијалог. Важно е да преземете одговорност за некои одредени постапки. Понекогаш соочувањето со вистината бара дополнителна храброст.
Близнаци
Нема причина да ги обвинувате другите за погрешна проценка или за својот деловно-финансиски неуспех. Не бидете претерано неправедни посебно спрема личноста која не ја познавате доволно. Имате впечаток дека партнерот упорно ја прикрива вистината.
Рак
Во деловните преговори мора да постои минимум согласност во уважувањето на интересите и целите. Новите случувања прифатете ги со оптимизам и без критикување. Нема причина да се оптеретувате со непотребни прашања. Сакате нова средба или емотивно зближување.
Лав
Ве интересираат конкретни резултати, а не ветувања или приказни кои не носат позитивен ефект. Доколку сакате да ги решите дилемите бидете поактивни и поупорни во секој поглед. Пратете го вашиот внатрешен глас и покажете независност. Обрнете и внимание на личноста која ве набљудува со вљубен поглед.
Девица
Не можете да ставите знак на еднаквост меѓу деловно-финансискиот успех и некои приватни случувања. Ви импонираат различни пофалби кои ги добивате, но покрај себе немате блиски соработници со кои можете да ја поделите својата радост. Успехот во јавниот живот, не може во потполност да ви ја надополни емотивната потреба.
Терезија
Имате впечаток дека соработниците немаат доволно разбирање за вашите деловни идеи и интереси. Не судете по првиот впечаток. Почекајте некој да ви ја соопшти својата одлука во однос на деловната соработка. Меѓу вас и партнерот провејува меѓусебна недоверба.
Скорпија
На вас е да го оправдате својот деловен углед или довербата која ја уживате во друштво на соработници. Понекогаш различните обврски представуваат голем терет, но секогаш постои начин да ги остварите своите цели или ветувања. Упорно се обидувате да ја прикриете својата емотивна несигурност или тајните намери.
Стрелец
Некој го оспорува вашиот деловен углед, што дополнително го отежнува заедничкиот договор. Не дозволувајте недоразбирањето да влијае на вашето расположение и концентрација. Бидете упорни во своите намери. Планирајте средба со драга личност, за која ве врзуваат пријатни сеќавања и топли емоции. Опуштете се.
Јарец
Идејата или работата која сте ја одбрале претставува добар избор. Вашиот стил на изразување и преговарачките способности имаат влијание на завршните резултати. Важно е да делувате убедливо пред соработниците во одлучувачки ситуации. Ве радуваат новите случувања во приватниот живот.
Водолија
Имате интересни идеи, но за жал околината нема доволно слух да ве подржи. Поради различни интереси меѓу соработниците морате да прифатите деловен компромис или некоја утешна варијанта. Избегнувајте нова расправа во средба со саканата личност. Важно е да ја намалите напнатоста, да се опуштите и да уживате во љубовните игри.
Риби
Избегнувајте сомнителни околности и внимателно анализирајте ги вашите соработници. Понекогаш постојат скриени детали кои потешко се воочуваат. Не го разбирате ставот на партнерот за заедничкиот проблем, имате впечаток дека се инаетите.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!