Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за вторник (23.11.2021)

Овен
Функционирате на повеќе страни. Мора она што сте го започнале да го завршите, бидејќи ќе бидете незадоволни доколку некои работи не ги доведете до крај. Искористете ги вашите организаторски способности кои денес ви одат во прилог. Со Стрелците можете да остварите идеална комуникација.

Бик
Вие се обидувате да се фокусирате на работата и здравјето бидејќи на тие полиња минатите денови беше лошо. Бидејќи во семејството доаѓа до значајни промени, не оптоварувајте се со она што не ви оди. Тргнете им во пресрет на убавите нешта, барем во мислите.

Близнаци
И понатаму брзате. Не размислувајте за тоа дека ќе ја истрошите енергијата и ќе паднете во друга крајност. Кога ни е најдобро, кога сме најсилни – криеме и маската паѓа. Тоа е нормалниот тек на нештата. Доброто и лошото во животот се менуваат. Се советува полежерна комуникација.

Рак
Ќе донесете одлука поради која можеби ќе имате сериозни проблеми. Тоа првенствено се однесува на емотивниот живот. Сте почнале да грешите на тој план, па партнерот е на крајот на нервите. Бидејќи се’ уште не е доцна да се вразумите, свртете се кон работата.

Лав
Ви претстои успешен ден. Наоѓате време за саканата личност и за омиленото хоби. Со еден збор – уживате. Моментите што ви претстојат се идеални за секаква активност, под услов да не претерувате. Личност во знакот на Стрелец ќе ве поддржи во се’.

Девица
Не сакате околината да види кога ништо не ве интересира, па се повлекувате во свој свет во кој ги правите работите што ви причинуваат задоволство. Една од причините за лошата волја е некој здравствен проблем или прекин на пријателство. За што и да се работи, излезот ќе биде брз.

Терезија
Очигледно сте претерале со работата, па се чувствувате исцрпено и уморно. Не сакате семејството да забележи како се чувствувате, па вешто глумите. Доколку некој се обиде да ве допре, ќе дојде до конфликт. Се’ ви се насобрало. Со спорт лечете го или ублажете го стресот.

Скорпија
Со партнерот никако да се согласите. Треба или него да го промените или да промените нешто во врска со него. Обидете се да не му се спротивставувате, туку на неговите забележувања да молчите. Тогаш сте најпаметни. Брбливоста последниве денови скапо ве чини.

Стрелец
Сериозни сте кон се’. Околината не може да ги разбере вашиот перфекционизам и настојувањето да ја одберете потешката варијанта. Доколку некој добронамерно не ви укаже на грешките, се лутите. Не дозволувајте никој да влијае врз вас, дури и со најдобра намера.

Јарец
Реално ги согледувате ситуациите, подготвени да одреагирате на најдобар можен начин. Не сте во дилема, бидејќи луѓето и нештата сте ги ставиле на местото што го заслужуваат. Мора да бидете внимателни во сообраќајот и во другите видови комуникација, поради можност од повреди.

Водолија
Она што го доживувате овие денови е еден вид изолација, дали доброволна или како одраз на повисоки околности. Самотијата е најдобар пријател, па искористете ја конструктивно. Обидете се да најдете подобар начин за осамување. Никогаш не сме толку успешни колку што би сакале.

Риби
Лесно воспоставувате контакти и ги постигнувате целите што сте ги зацртале. Тоа првенствено се однесува на љубовта. Многу припадници на овој знак доживуваат незаборавни моменти опиени со нежни љубовни напливи. Искористете ги, бидејќи се’ што е убаво е минливо.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *