Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за 22.11.2021 (понеделник)

ОВЕН
Работните обврски ви одат беспрекорно, а имате и колеги кои ги следат и почитуваат вашите идеи. Здравствената состојба е на завидно ниво. Чувствувате потреба да запознаете Скорпија која веќе подолго време ви се врти во глава. Слободно пријдете и разговарајте.

БИК
Релативно доброто расположение се должи на партнерот. Ќе ве одведе на некое место кое прилично ви значи. Немојте премногу да ги вербализирате своите чувства, тоа само ќе ја уништи спонтаноста која владее помеѓу вас. Верувајте на партнерот, тој знае што ви треба.

БЛИЗНАЦИ
Прилично сте вознемирени и незадоволни. Ни сами не знаете која е вистинската причина за ова расположение, кое е периодично, но се повторува. Морате да сфатите дека многу работи не зависат само од вас. Волјата ќе придонесе за ублажување на проблемите низ кои минувате.

РАК
Отпатувајте некаде, само тоа може да ве поткрене од мртвата точка. Го поминувате денот помеѓу сонот и јавето, реалноста и имагинацијата. Не грижете се, патувањето ќе биде реалност. Битно е да имате покрај себе личност која ќе ве придружува.

ЛАВ
Одлично се чувствувате, а имате и добра причина. Непријатните ситуации коишто ве гушеа се минато. Време за нови почетоци. Личноста која ви се допаѓа е постојано во работни обврски. Бидете стрпливи, оптимизмот ќе придонесе за многу пријатни моменти.

ДЕВИЦА
Зачестуваат караниците со партнерот. Прашајте се дали претерувате со своите барања и ситници. Доколку решивте да се занимавате со политика или недвижности, ова е повеќе од добар период. Ќе добиете поддршка од важна личност. Бидете толерантни спрема најблиските.

ТЕРЕЗИЈА
Периодот со недоразбирањата со партнерот е минато. Одлично функционирате во тандем, свесни за сите свои квалитети. Прашање е само колку ќе трае тоа. Најдобрите врски се поткрепени со неизвесност. Пробајте да го шармирате партнерот и да влијаете за да направи некоја корисна работа.

СКОРПИЈА
Период за планирање. Морате да бидете малку поконкретни во барањата, само така ќе успеете да ги остварите желбите. Здравствената состојба се подобрува, но тоа не значи дека треба да ја занемарите. Добро би дошла прошетка со партнерот, потребно му е вашето внимание.

СТРЕЛЕЦ
Евидентни се беспотребното нервирање и максималното трошење енергија на најразлични ситници. Бидете свесни дека додека да почнете да обрнувате внимание на здравјето, може да биде предоцна. На лето ве чека нова љубов. Затоа, држете ја главата горе.

ЈАРЕЦ
Проблемите доаѓаат од сите страни. Додека да решите еден, се јавува нов. Не брзајте, бидете трпеливи. Важите за личност која лесно се справува со секојдневните предизвици. Среќата е на ваша страна, знајте дека секогаш по дождот доаѓа сонце.

ВОДОЛИЈА
Постојано сте во брзање. Тоа ви одговара бидејќи не поднесувате инертност. Морате да го контролирате нервниот систем. Подложени сте на настинки. Земете време за себе и препуштете му се на партнерот. Не дозволувајте преголемите работни обврски да ви застанат на патот.

РИБИ
Впуштени сте во работна обврска која бара повеќе труд и внимание. Доколку побарате помош од близок пријател, не бидете изненадени ако тој ве разочара. Партнерот е секогаш покрај вас да даде се’ од себе. Слободно земајте негови совети.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>