Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за вторник (22.11.2022)

Овен
Дојде моментот кога нема веќе време за премислување во недоглед. Одлуките морате да ги донесувате брзо, зашто добрите прилики не се повторуваат често. Во работата и во љубовта фантазијата може да стане реалност.

Бик
Имате се’ повеќе можности да дојдете до пари, само треба да ги препознаете. Во семејството владее добро расположение. На емотивен план нема важни случувања. Избегнувајте алкохолни пијалаци.

Близнаци
Генерално, веќе некое време сте во многу бурен емотивен период. Ситуацијата лесно може да претежне и да дојде до целосен прекин на врската, или по сите потешкотии да се претвори во судбинска.

Рак
Во почетокот на денот ќе чувствувате блага напнатост, но вашата средба со саканата личност ќе ве олабави. Искористете го времето заеднички да го сработите сето она што не можете, често поради недостиг од време.

Лав
Денеска ќе бидете малку загрижени поради паричните издатоци што не сте ги очекувале. Можни се непријатности во семејството. На полето на љубовта се’ уште е стабилно. Здравјето е добро, но склони сте на алергии.

Девица
Партнерот ќе биде емотивно растргнат поради случувањата во семејството, што може да се одрази и на вашиот однос и комуникација, доколку не покажете разбирање. На работа очекувајте ист проблем со колегите.

Терезија
Подобра деловна понуда само што не стигнала, но немојте да се депримирате ако не биде токму онака како што сте очекувале. Мора да бидете свесни за своите можности. На емотивен план е променливо.

Скорпија
Иако мислите дека сите лекции поврзани со односите сте ги совладале, знајте дека не сте во право. Потребно е да бидете посмирени и да не ја притискате саканата личност. Никој не сака кога му се загрозува слободата.

Стрелец
Љубовната врска е се’ постабилна, но постои можност да се премислите во последен момент и да отидете на друга страна. Многу сте несериозни и неподготвени да прифатите одговорност, а тоа е многу важно.

Јарец
Се’ уште имате тешкотии, кои се однесуваат на станот и преселбата, но сте поблиску до решение. Не смеете да попуштите само така во разговорот што денеска ви претстои. Држете се до важните факти не грижете се.

Водолија
Најмногу време минувате не размислувајќи за финансиската ситуација и можностите за заработка. На чекор сте до целта, но со нечија помош. Ако сте слободни, очекувајте промена.

Риби
Денеска очекувајте поголема парична добивка или постигнување договор кој ќе означи финансиска стабилизација и да ве доведе до целосна независност. Можно е дури и купување на некоја недвижнина.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>