Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за четврток (18.11.2021)

Овен
Се вљубувате на прв поглед. Некој повторно опасно ве заинтригира. Се нервирате, зашто ситуацијата е крајно неизвесна. Не сакате да брзате, но ни да чекате. Ни самите не знаете на што сте. Неизвесноста ве доведува до лудило. Бидете трпеливи.

Бик
Се наоѓате во нејасна емотивна ситуација, која ви го одвлекува вниманието. Наместо да се свртите кон корисните нешта, се губите во правење планови поврзани за одредено лице. Доколку ви се укаже шанса некаде да отпатувате, задолжително искористете ја.

Близнаци
Контролирајте се, зашто може да имате проблеми, со оглед на засилената желба за доминација. Никој не сака да му се држат лекции, па ниту вашето опкружување, особено ако се земе предвид дека во последно време повеќе зборувате отколку што работите.

Рак
Бидејќи никако не ви одговара тимска работа, обидете се да ескивирате. Сами ќе постигнете подобри резултати и ќе бидете задоволни. Чувството дека извесни лица ви одземаат енергија не е без основа. Иако се добронамерни, не ви годат. Веројатно научивте како треба да се однесувате.

Лав
Евидентно е променливото расположение, придружено со изливи на незадоволство. Бидејќи се трудите за себе да создадете лажна претстава, ги потиснувате неуспесите. Лажејќи ги другите, всушност, се лажете себеси. Се определивте за најлошата варијанта.

Девица
Бидејќи со перфекцијата и авторитативниот став почнавте да претерувате, обидете се да влезете во нормала. Немаат сите исто мислење во тимот со којшто работите. Мора да бидете потолерантни и да сфатите дека вистината има повеќе варијанти. Не сте секогаш во право.

Терезија
Иако не се чувствувате најдобро, активни сте во општествениот живот. Ја избегнувате осаменоста, бидејќи таа ве тера да размислувате за болести и немоќ. Се советува извршување на најнужните работи и намалување на контактите. Дозволете си повеќе одмор и квалитетна храна збогатена со витамини.

Скорпија
Не сте ни свесни колку ја оптоварувате околината со своите проблеми. Штом тие ќе исчезнат, се смирувате и себично уживате во сопствениот мир. Многумина го сфатија вашиот стил. Оние што не сфатиле, ќе имаат мака да ви докажат дека залудно се нервирате.

Стрелец
Сфаќате дека партнерството во кое влетавте е повеќе од успешно. Ќе бидете во ситуација да правите нови планови, ширејќи го делокругот на работата. Свртени сте повеќе кон практичните нешта и работата отколку кон емоциите. Намирисавте заработувачка.

Јарец
Морате, конечно, да се спуштите на земја, да ја сфатите околината и да и’ се приспособите. Во спротивно, болеста не ви бега, особено во овие денови, зашто можноста од вирусни инфекции, придружени со алергија е повеќе од можна. Внимателно и ќе ги избегнете непријатностите!

Водолија
Здравјето е на прво место. Кога ќе елиминирате една опасност, веќе се јавува нова. Забоболката може да донесе непроспиена ноќ. Уште кога на тоа ќе го додадете судирот со шефот или соработникот, речиси е чудно како сте нормални. Прашајте се во што е вашиот дел од вината.

Риби
Веројатно ќе имате проблем со домашните апарати. Не дозволувајте таквите работи да ве извадат од колосек, зашто се нормална појава. Веќе подолго време е присутна беспарицата. Постојано сте во фаза на составување крај со крај. Самите сте виновни за тоа.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>