Овен
Сакате да се докажувате и да создавате дела, точно знаете кои работи не ги сакате, а кои ги сакате. Штом ќе станете свесни за целта, ништо не може да ве разубеди. Окупирани сте со љубовта, само што ќе помислите дека го решивте проблемот, повторно се јавува во уште полоша форма.
Бик
Пријатната вест ќе ви го освежи денот, а случувањата кои бараат брзина укажуваат на фактот дека не сте во состојба брзо да функционирате. Не може да работите брзо и темелно. Потребно е време да се приспособите на новонастанатата ситуација.
Близнаци
Ситуацијата бара брзи рефлекси и одлична акција. Во емотивната врска или во бракот го имате главниот збор, ги занемарувате чувствата на партнерот. Неговите непримерни постапки укажуваат на тоа дека грешите, иако сте тврдоглави и не ви паѓа на памет да го признаете тоа.
Рак
Полни со сила и одлучност да се занимавате со нешто, може да се преоптоварите, а тоа е контрапродуктивно. Вложувате голем напор во работата, но кога подобро ќе размислите, сфаќате дека резултатите се неадекватни. Внимавајте околу неморалните постапки и непромисленоста. Не дружете се со Лав.
Лав
Стрелците се во деловна експанзија. Искористете го секој поволен момент, ситуацијата речиси и не може да биде подобра. Не можете да се пожалите ниту на другите области од животот, од љубовта, на пример. Партнерот максимално се труди да ве задоволи.
Девица
Зголемената сила, но не доволно искористена доведува до опасност и повреди. Внимавајте околу својот автодеструктивен став, бидејќи претеравте. Внимателно со воланот, но и со комуникацијата и со околината. Не знаете дали треба да се повлечете пред нападите и да бидете директни.
Терезија
Не можете на ништо да се пожалите. Работата ви цвета, партнерот ве сака, пријателите прават се’ за да ве задоволат. Доколку сте и покрај се’ незадоволни, знајте дека самите сте виновни за тоа. Смирете се и денот поминете го работејќи го она за што имате смисла.
Скорпија
Денеска љубовта е вашата главна движечка сила и му дава смисла на целиот ден. Ако не се реализирате во врска со конкретното лице, свртете се спрема работите што ги сакате – уметноста, психологијата, соновите. Потсвеста нема да ве измами, туку ќе ви помогне.
Стрелец
На околината влијаете заразно во позитивна смисла. Инспиративно ја исполнувате со ентузијазам и со организаторски способности. Меѓутоа, кога треба да се истрае на работа, настануваат проблеми. Се тешите, бидејќи својот дел од работата го изработивте, па подгответе се за нови деловни потфати.
Јарец
Со партнерот постапувате внимателно, бидејќи реши да ви покаже заби или да ве елиминира од опкружувањето. Занемарете ја љубомората и размислете за тоа колку грешевте. Фактот дека партнерот ви се оттргнува од контрола, укажува на тоа дека треба да се преиспитате.
Водолија
Непредвидените случувања бараат брзи постапки. Нема да имате многу време да размислувате, бидејќи пресвртниците се брзи и во континуитет носат нови проблеми. Се’ зависи од тоа колку сте во состојба да функционирате и какви ви се рефлексите. На партнерот му здосадија вашите критики.
Риби
Работата е на прв план. Одлично се чувствувате, бидејќи сте рационални во слични ситуации. Само кога сте без работа, размислувате за небитни лица и се оптоварувате со промашени луѓе без перспектива. Моментално добрата заработка ве привлекува, а и Јарецот, исто така.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!