Top

Хороскоп за петок (16.04.2021)

Овен
Многу припадници на овој знак контактираат со странство и размислуваат за стручно усовршување. Се зависи од вашата позиција и ставот што го имате по тоа прашање. Пронајдете ја причината за несоницата, преморот и незадоволството. Можеби грешите во пристапот на проблемот.

Бик
Одлично сте расположени. Ништо не може да ве исфрли од рамнотежа, бидејќи ја имате поддршката на планетите. Под услов да се дружите со Стрелци, очекувајте голем успех. Постојат случувања што се предизвикани од виши околности, на нив тешко дека може да влијаете

Близнаци
Изразено хармонични планетарни аспекти ве стимулираат да се впуштите во авантура, одлучете се за веридба или за венчавка. Некои припадници на знакот ќе пронајдат добар партнер, можеби и деловен. Искористете ги вистинскиот момент да направите нешто за што долго мечтаевте.

Рак
Се што е убаво кратко трае. Бидејќи неколку дена уживавте и се забавувавте, крајно време е да се смирите и да ги соберете впечатоците. Можни се проблеми што влијаат на расположението и на здравјето. Ќе излезете со нив на крај, бидејќи сте упорни кога ќе наумите нешто.

Лав
Осетливи сте на влијанија отстрана, по малку хипохондрични, аналитични и досадни. Само во работата е спасот и начинот да го пребродите незадоволството од субјективна природа. Доколку ви се укаже можност да се дружите, дружете се со ведри личности.

Девица
Бидејќи ви одговара тимска работа, обидете се да ја спроведете во дело, бидејќи ќе постигнете завидни резултати. За чудо, доста добро се држите во таа ситуација, свесни сте дека од таа ситуација ќе имате повеќекратна корист. Близнаците ви се наклонети, посветете им поголемо внимание.

Терезија
Имавте неколку одлични денови. Самите сте криви ако не сте ги искористиле. Бидејќи влегувате во полош период, вооружете се со трпение за да излезете што безболно од тој период. Ве очекува макотрпна работа, незадоволството ги таложи проблемите, личните и семејните.

Скорпија
Денот е лош за ментални активности, затоа што ќе бидете спречени. Затоа интелектуалните преокупации треба да се сведат на минимум и да се занимавате со спорт доколку здравствената ситуација го дозволува тоа. Очигледно е дека ви недостига свеж воздух и движење, па оттаму и нервозата.

Стрелец
Борба за воспоставување на статусот ќе биде крунисана со успех. Не сте свесни колку имате среќа. Во фаза сте на напредок, но семејството е тоа што трпи и врз него ја истурате целата негативна енергија. Сигурно по малку ги малтретирате семејството и партнерот со доминантниот став.

Јарец
Пожелно е да бидете внимателни и да не се залетувате во разни финансиски вложувања, бидејќи е можно да изгубите. Ако сакате да дојдете до нешто на брзина и на нечесен начин, ќе успеете, но тоа ќе трае кратко. Некои случувања се многу значајни за иднината. Една Скорпија е вклучена во игра.

Водолија
Си поминувате незаборавно. Кога работите се одвиваат по план, вие сте во елемент, така е и денес. Бидејќи комплиментите ги давате на сите страни, го нахранивте и сопственото его. Ете уште една причина за оптимизам. Ви се отвораат вратите на успехот.

Риби
Извесната ситуација ве прави песимисти. Настојувате да дигнете раце од се. Свесни сте дека грешите, но тоа е посилно од вас. Пожелно е да ги сработите тековните работи, но направете и нешто за ваша душа. Нагласена е несигурноста и хипохондријата. Дружење со ведри личности ви е спас.

 




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *