Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за среда (13.10.2021)

Овен
Расположението ќе биде променливо без некоја причина, но тоа нема да ја намали вашата ефикасност. На работа соработката со колегите и шефот е одлична. Парична добивка. Во љубовта не е онака како што би сакале.

Бик
Студиозно пристапувате на работата и многу сте конструктивни, што дава резултати. Ве очекува поволна вест. Приливот на средства е сигурен. Денеска со задоволство ќе потрошите пари за уживање.

Близнаци
Денеска атмосферата во семејството ќе биде променлива, но не грижете се. Се’ што се однесува до имот и наследство, ќе има позитивен исход. Можна е случајна средба со личноста што некогаш сте ја сакале. Здравјето ви е добро.

Рак
Работата за сега не оди според очекувањата, но наскоро заработувачката ќе биде се’ подоходовна. Концентрацијата е добра. Прифатете го советот и предлогот од најстариот член на семејството и нема да згрешите.

Лав
Со некои колеги остваривте однос, пред се’ пријателски, а помалку формален. Тоа е сосема во ред. Нема да имате проблеми поради тоа, туку само корист. Очекувајте парична добивка.

Девица
Ништо не може да ве изненади. Имате самодоверба и работата ја извршувате без грешка. Финансиската ситуација и натаму е добра. Ви претстојат убави моменти на емотивен план. Здравјето ви е стабилно.

Терезија
Очекувате повик од некој од семејството што моментално е на пат. По разговорот, ќе почнете да планирате пат во странство. Моментално немате финансиски можности, но наскоро ќе го решите тој проблем.

Скорпија
Имате среќа да дознаете се’ што треба навреме, дури и тогаш кога некој се обидува нешто да скрие од вас. Имате финансиски тешкотии, но некој пријател ќе ви помогне.

Стрелец
По малите проблеми на работа, пристигнуваат охрабрувачки вести. Паричната добивка доаѓа преку партнерот. Со него на ментално ниво одлично се совпаѓате, што е еден од предусловите за квалитетен однос.

Јарец
На работа вашата интелигенција доаѓа целосно до израз, особено денес. Ќе имате подготвено решение за нешто за што до неодамна често се полемизираше. Ви претстои убаво излегување. Здравјето е стабилно.

Водолија
Денес ќе бидете малку емотивно растресени поради некој во семејството. Немате причина за грижа. Ситуацијата ќе се среди веќе во текот на денот. Ви претстои тајна средба со некој помлад од вас, чија енергија ви годи.

Риби
Можни се мали тешкотии во комуникацијата со женска личност на работа. Тоа нема да влијае врз квалитетот на работата, само атмосферата ќе биде непријатна. Инаку, ова е вистински ден за вас на љубовен план.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *