Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за понеделник (11.10.2021)

Овен
Се нервирате од повеќе причини. Парите доцнат, па почнувате да се плашите од конечното случување. Бесот го исфрлате на најблиските и на околината. Главата горе, за еден-два дена ќе имате некој денар. Настојувајте да не ја влошите хармоничната семејна ситуација со арогантното однесување.

Бик
Ќе бидете изненадени од болеста што може ќе ви ги расипе плановите, па треба да внимавате. Треба да се чувате и од насилство, законски измами, расправии… Причината за вашата неможност да ги направите работите е субјективна.

Близнаци
Додека се занимававте со сопствените маки, партнерот се оттргна од контрола и се обиде да најде утеха. Затоа се можни разочарувања на емотивен план, но и впуштање во нова страсна врска. Се’ добивате според заслугите. Да се надеваме дека нема да го извлечете подебелиот крај.

Рак
Свртени сте кон работата и здравјето, па ги решавате проблемите на тие животни планови. Истрајувате кога имате цел, се одвива полека, но сигурно. Новите деловни идеи бараат трпение, а го имате многу. Навикнавте низ животот да одите два чекора понапред.

Лав
Чувствителни сте на проблемите поврзани со децата, љубовта и разните интереси. Место да се нервирате, свртете се спрема креативната работа, таленти имате повеќе отколку што ви се потребни. Што ве мачи повеќе – дали децата ги исполниле обврските или партнерот ве изневерува…

Девица
Клучниот збор на денот е љубов. Сами најдобро знаете што е во прашање: расчистивте се’ што ви е натрупано, па сега сте на седмо небо. Ве очекува и успешна трансакција, а и финансиска добивка. Среќата, обично, оди во комплет, со што може да се објасни денешната состојба.

Терезија
Незадоволни сте од развојот на случувањата, бегате во светот на фантазии и идеали. Свртени сте кон далечни земји, па или ќе контактирате на телефон со некого во странство или ќе отпатувате. На многу Терезии им се отвораат поволни можности, тука се и парите.

Скорпија
Ви недостига трпение да се борите. Никој не е во состојба да ги задоволи вашите потреби. Не е ни чудо што сте нескромни, тоа особено се однесува на женските припаднички на знакот. Сфатете дека многумина се наоѓаат во многу потешка ситуација од вашата.

Стрелец
Функционирате под дејство на силно изразена интуиција. Внатрешниот глас досега не ве изневерил, па се надеваме дека ниту во иднина нема да ве изневери. Се’ што е врзано за фикција, духовно пронаоѓање и контакти засега е крунисано со успех. Внимавајте на финансиите.

Јарец
Сакате да се откажете од се’. Незадоволни сте, непостојани, со еден збор, имате вжештена глава. Вразумете се и сфатете дека ситуацијата е комплицирана, но и оти сте блиску до успехот. Не го истурајте целиот гнев и бес врз партнерот. Тој не е виновен и не треба да ве трпи.

Водолија
Бидејќи фантазијата е изразена, не стоите цврсто на земја. На успех се надевате во сферата на уметноста и во сите работи што бараат креативност. Што се однесува до материјалната ситуација и практичната страна на животот, таа е донекаде загрозена поради нереалната процена.

Риби
Прекините се предизвикани од повисоки околности. Не се надевавте, па сте незадоволни. Не умеете да молчите и да трпите, туку бучно го покажувате своето незадоволство. Тоа посебно се однесува на парите каде што ситуацијата не е поволна.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>