Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за петок (08.10.2021)

Овен
Многу сте емотивни и уживате во туѓата психа, додека сопствените проблеми и потреби ги ставате во втор план. Со советите им помагате на пријателите во неволја. Додека ги работите рутинските работи, сонувате за патувања и заработка на пари. Дружете се со ведри личности, тоа ве релаксира.

Бик
Едвај чекате оваа недела да помине, па да се вратите во веќе воспоставениот ритам на функционирање. Наглиот бран на малодушност на деловен план само е од минлив карактер. Депресивното расположение е последица на постојаното преиспитување на сопствените грешки. На љубовен план настапи емотивна нестабилност.

Близнаци
Имунитетот ви е опаднат, внимавајте од настинки. Незадоволството од партнерот во доведува до очај. Шетајте, одете во природа, не мора да медитирате, бидејќи не сте таков тип. Иако настојувате да се изолирате и да се повлечете во сопствениот свет, не вреди.

Рак
Периодот е одличен за работа, учење, а лош за соработка. Не се откажувајте од трговијата, склопување договори, книжевна работа и други активности. Можни се проблеми со ушите и ревмата. Имате тешкотии со партнерот и се обидувате да најдете заеднички јазик. Комуникацијата е лоша.

Лав
Знаете што сакате и јасно се стремите кон целта, иако со вас многумина не се сложуваат. Новите деловни потези се придружени со ново вложување. Нема заработка без ризик. Овој пат ризикот е минимален. Склони сте кон мрачни мисли. Избегнувајте да западнете во депресија, правете нешто. Недоразбирањата со партнерот ве плашат.

Девица
Никако да ја донесете правилната одлука и да го решите проблемот. Се е половично, така што сте нерасположени. Се обидувате да најдете вистинско решение и за чудо во тоа успевате. Подложни сте на настинки и болести на дишните органи. Незадоволството од емотивниот живот е од минлив карактер.

Терезија
Наредните денови ве очекуваат дополнителни активности, од кои во меѓувреме се одвикнавте. Сето внимание е усмерено кон тоа да ги исполните што поодговорно и поуспешно. Деловните обврски ви помагаат да ги санирате финансиските катастрофи кои ви се случија. Здраствените тегоби мора да ги санирате.

Скорпија
Извесно време се чувствувавте умртвено, но овие денови ќе живнете и ќе сакате да пробате некои примамливи нешта. Нема сила која може да ве направи суетни. Рутинските работи не ги задоволуваат вашите потрошувачки апетити, барате нов извор на приходи. Здраствената ситуација не е одлична, а вие со вашето однесување уште повеќе ја влошувате.

Стрелец
Се се одвива со леснотија баш како што си замисливте. Авантуристичката црта на карактерот моментално е изразена. Доколку размилсите и подетално ги разгледате плановите, шансата да успеете е огромна. Имате конфликти со соработниците. Напнатоста се одразува на психата. Постојаниот партнер ви се досади, фантазирате за нови возбудувања.

Јарец
Се наоѓате непосредно пред донесување важна одлука. Конфузијата ја поминавте. Склоноста кон бегство од стварноста во вид на разни опијати во моментот е засилена. Ако сакате да се релаксирате направете го тоа на попаметен начин. Во љубовта сте прилично наивни. Другата страна тоа го користи, а за тоа не сте свесни.

Водолија
Не можете да се пожалите на финансиската ситуација, заработувате повеќе отколку што се трудите. Откако ќе слушнете лоши примери од околината, за тоа станувате свесни. Претерувате во исхраната, уживате во сетилните задоволства повеќе отколку што организмот може да поднесе. Во однос на саканата личност премногу сте тврдоглави.

Риби
Само разумните одлуки носат поволни решенија. Дисциплинирано ги извршувате обврските. Не ви е тешко да работите, но тешко ја поднесувате деловната соработка. Здраствената состојба не е одлична, испитувањата се изведоа во погрешен правец. Емотивното расчистување и новите почетоци ве орасположуваат.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>