Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за вторник (09.08.2022)

Овен
Смислата за надприродното е комбиниран со интуиција. Искористете ја оваа состојба на вистинскиот начин. Бидејќи менталната конституција ви е чувствителна, подложноста на негативни влијанија е изразена, но не барајте утеха во седативи, туку свртете се кон духовна еволуција.

Бик
Причината поради која сте нервозни навистина е индивидуална. Бидејќи сте личност која највеќе се нервира на работа, најверојатно ќе бидете незадоволни од соработниците. Бидејќи се работи за променлива состојба, издржете го предизвикот и обидете се да бидете издржливи.

Близнаци
Мислите дека работите не се одвиваат во саканиот тек, па нервозите се неминовни. Обидете се на свој начин да ги санирате, да сочувате здрав разум и од кризата да излезете како победник. начинот не е едноставен, но е возможен. Смирување побарајте кај пријателите.

Рак
Вложувате голем напор и фанатично и приоѓате на работата. Морате да водите сметка за тоа да не ги прецените сопствените можности и да не предизвикате контраефект. Посебно треба да внимавате кога се во прашање неморалните постапки. Ве поддржува семејството и саканата личност.

Лав
Доколку ги убедувате другите, ќе постигнете успех. Нагласена е смислата за дипломатија, способноста на подучување, но и признанието од страна – сето тоа ви влева сила и влијае на вашето добро расположение. Предност давате на работата и меѓучовечките контакти.

Девица
Вие сте со променливо расположение, намуртени и незадоволни, и тоа без особена причина. Полесно ви е да паднете во депресија и од се’ да кренете раце отколку да преземете нешто конкретно. Не давајте се! Разменете го искуството со пријателите, па ќе најдете излез.

Терезија
Иако имунитетот е на долната граница, а нервниот систем благо протресен, сепак сте активни. Знаете да одолеете на предизвиците. Пречувствителноста и чувството дека никој не ве сака е само субјективно. Сите всушност ве сакаат, само тоа тешко допира до вашето срце.

Скорпија
Иако на прв поглед сте срамежливи и смирени, вашите чувства се многу бурни. Во емотивната врска многу од вас се чувствуваат повредени, па се обидувате нешто конкретно да направите и да ја промените состојбата. Тешко во тоа ќе успеете, бидејќи вам ви недостига одлучност.

Стрелец
Убави вести и многу пријатни, незаборавни моменти со партнерот. Ако сте осамени, овие денови можете да доживеете љубов каква што не сте доживеале никогаш. Излегувајте што повеќе и дружете се. На некои случувања малку можете да влијаете, но не грижете се, се’ ќе се среди.

Јарец
Не дозволувајте нервозата да ја доведе во прашање вашата емотивна врска. Обидете се да се смирите и да не реагирате импулсивно. Однесувајте се разумно, практично и мудро. Почекајте ги своите пет минути и ќе биде токму онака како што сакавте.

Водолија
Многу од вас ќе имаат главоболки и конфликтни ситуации. Контролирајте ја нервозата бидејќи можете да бидете склони кон ексцентрични постапки. Бидејќи по природа сте перфекционисти, константно сте незадоволни со постигнатото и се стремите кон повисоки цели.

Риби
Се колебате меѓу повеќе понуди. Ќе бидете во ситуација долго да размислувате и повторно да не бидете начисто како да постапите. Повеќето случувања денес се врзани за домот и семејството. Доколку некој ви понуди дополнителен извор на приходи, прифатете.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>