Top

Скриената плажа во Мексико

Изолирана од надворешниот свет, оваа плажа се наоѓа на Мариетските Острови, Пуерто Ваљарта, Мексико. Во близина на заливот Бандера, овие острови се настанати како последица на вулкански активности. До неодамна овие острови беа тотално изолирани, сè додека не беше откриен нивниот квалитет и можност за одлично место за рекреација.
Ова се должи на извонредниот еко-систем на островите, кои изобилуваат со разновиден животински свет. Морските желки и делфините се само дел од она што може да се види на ова место. Плажата е совршена за оние кои обожаваат да нуркаат, а и за сите други кои сакаат нешто поинакво од вообичаеното.




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *