Според многумина најдобриот Ф1 возач на сите времиња. Големи успеси се кријат позади името на Аиртон Сена. Неговата пасија кон Ф1 спортот во ниеден момент не била доведена во прашање. Неговиот стил беше надалеку познат – во секоја трка влегуваше без калкулации и скриени мотиви. Парите не биле никогаш неговиот главен мотиватор за настап во најгледаниот тркачки спорт на планетата. Брзината и адреналинот од трките биле доволни за овој голем возач да влезе во болидот и да го даде максимумот од себе.
За жал неговиот начин на возење се покажа како фатален на трката за големата награда на Сан Марино одржана на први мај 1994 година. Целосен приказ за неговиот живот како и многу засега неприкажани снимки од Ф1 кулоарите ќе бидат прикажани во филмот кој својата премиера ќе ја има на 3ти јуни.
Universal ќе се погрижи овој фантастичен возач да остане идол за многу генерации што следат.
Погледнете го трејлерот овде.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.
![]()
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!