Porsche ја лансираше новата маркетинг кампања за северноамериканското поднебје, во обид малку да ја промени сликата во очите на американските потрошувачи во врска со нивниот бренд. Новата реклама цели да го прикаже Porsche како повеќе од само спортски автомобил. Новиот ТВ спот го прикажува Porsche Cayman / 911 како автомобил за возење по снег, како пикап возило, кола за бегство од реалноста или како училишен автобус. Главната поента со новата реклама е да се истакне дека спортските автомобили на Porsche се подеднакво добри и за секојдневна употреба.
Дејвид Приор, потпретседател на маркетинг секторот на Porsche Cars за Северна Америка вели дека магијата на Porsche е во тоа што го трансформира секојдневното рутинско возење со автомобил. Porsche претставува единствен спортски автомобил кој ја комбинира вистинската возбуда на брзото и спортско возење и можноста за возење низ секојдневните градски гужви.
Погледнете ја рекламата со Porsche автобусот овде.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.
![]()
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!