Најмил група од манијаци со токмак-чекани за да го скршат неговото неодамна купено Lamborghini Gallardo L140 во знак да се зголеми свеста кај народот за слабата грижа за корисниците. Имено кинезот бил толку нервозен што неговото Lamborghini Gallardo L140 престанало да функционира откако било одведено во официјалниот сервис на Lamborghini.
Се разбира секој на свој начин го изразува незадоволството од третирањето на потрошувачот. На пример јас, лично, би го земал и на Партизанска би возел 300 на саат. Сигурно некој од нашите мили сограѓани ќе биде доволно “грижлив” и од нигде никаде ќе помине на црвено со својата ултра брза застава 101 и ќе ми овозможи да го искажам својот револт. Или пак ќе го расклопам па деловите ќе ги продавам преку E-bay. Така барем ќе остане и некоја паричка во џеб.
Па клик овде и погледнете ги фотографиите за да видите како се крши Lamborghini на сред улица!

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.
![]()
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!