Во последно време камионите често се користат за поинакви, креативни намени – од креирање на дом до мобилни продавници за сувенири и слично. Така, Мексико Сити го има овој А47 камион кој е редизајниран во библиотека. Productora имале задача да направат мобилна библиотека за потребите на непрофитната организација Аlumnos47. Библиотеката има 1500 книги, кои се поставени во горниот дел од камионот. Хидрауличните подови им овозможуваат на читателите да ја достигнат и одберат саканата книга. Прилагодливоста на подовите овозможува организирање на состаноци или мали презентации. Би сакале една ваква библиотека кај нас?














Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!