Лебдечката инсталација на Peter Callesen насловена “Earth“, како дел од една јавна изложба е поставена во центарот на Копенхаген. ”Земјината топка” која го краси небото е всушност ламба исполнета со хелиум и прекриена со мотиви од земјиниот релјеф. Инсталацијата, нормално е видлива само ноќе. Peter вели дека имал намера да создаде непосредна и кратка илузија на планета слична на нашата планета Земја која ќе лебди некаде во просторот во Сончевиот систем близу до вистинската Земја. Со самото тоа што постои ”двојна” Земја, се создава ефект кој ве тера да размислувате за себе и за другите од една поинаква перспектива и да се задлабочите во мислите.


Автор: Willa
![]()
Сакате да објавите статија на iLike.mk? Пишете ни на contact@ilike.mk.
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!