Дали некогаш сте помислиле дека уметник би можел да создава облаци? Повеќе не мора да излезете надвор за да погледнете кон небото и да ги видите облаците, сега тие се тука, внатре. Во една галерија каде што очекувано би било да стојат експонати, вие ќе наидете на празна соба и еден единствен облак, кој самиот е всушност експонат на артистот Berndnaut Smilde, насловена како “Nimbus“. Облаците не се дело на дигитални манипулации, ниту пак пенливи скулптури кои висат од таванот. Уметникот всушност користи цевки кои испиштаат пареа и го создаваат облакот, при контролиран притисок и температура. Доколку не се појавите таму навреме, само ќе најдете баричка вода на подот.



Автор: Willa
![]()
Сакате да објавите статија на iLike.mk? Пишете ни на contact@ilike.mk.
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!