За убаво утро е потребно и доза на креативност. Ако сакате некого да изненадите со убав појадок или сами да си го донесете кафето и кроасанот во својот кревет овие неколку едноставни инструкции ќе ви помогнат.

За да направите специјален послужавник за појадок во кревет потребни ви се: еден едноставен послужавник со рачки, синтетички памук, текстил, лепило за текстил (или игла и конец), универзално лепило, молив и ножици.

Послужавникот ставете го над синтетичкиот памук кој најчесто се купува на метража и обележете со моливче околу него за да ги исечете точните димензии. Откога ќе го направите тоа, исечете неколку исти такви парчиња за да добиете повеќе слоеви а со тоа и поголема дебелина. Убаво наместете ги слоевите еден над друг и ставете ги над опачината на текстилниот материјал. Измерете колку ќе ви треба за да ги покриете ивиците на слоевите (одприлика околу 20цм) и исечете го парчето текстил. Потоа нанесете лепило за текстил на ивиците од парчето и почнете да го обложувате на принцип како што се витка подарок. Откога ќе почекате неколку минути убаво да се исуши лепакот нанесете од другиот универзален лепак низ цела површина на горната страна на текстилот и поставете го послужавникот. Ставете неколку тешки книги на послужавникот за убаво да се залепи и прицврсти и почекајте уште неколку минути убаво да се исуши.
На тој начин вашиот специјален послужавник ќе биде готов, а вие размислете кого да го изненадите во овие летни и сончеви утра!


Автор: Викторија
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!