Top

Зошто мажите лажат, а жените плачат?

Најпрво морам да кажам дека иако корицата од книгата е од англиската верзија, оваа книга ја има со наш превод само не успеав да најдам слика од неа… значи не грижете се дека нема да ја најдете.

Знаете ли што се добива кога по еден психолог претставник од двата пола ќе седнат заедно да напишат книга за машко – женските односи. Се добива вечер или две смеење до солзи со тоа што ќе сфатиме колку е таа книга искрена и колку смешни изгледаме во милион ситуации едните во очите на другите.

Ова не е книга која ќе Ве заспие од досада преку толкување на психата, откривање на причини за некакво однесување ниту нешто слично. Ова е книга која низ примери нè тера да се видиме самите себе ( едниот и другиот пол) какви сме ние всушност.

Милион ситуации се раскажани во оваа книга и додека ги читате само ќе велите: Колку е само ова точно… леле да, навистина е така… хахаха не ми се верува, ова ми се има случено… Јас прв пат ја отворив додека седев со пријателките кај една од нив па со кафенце листавме и читавме делови од книгата бидејќи беше многу забавна. Секоја од нас успеа да се пронајде во повеќе од опишаните ситуации. Одлична, забавна книга, чистка петка кога Ви треба нешто што ќе Ве насмее.

Опишува една ситуација со која сака да каже колку сме различни и колку не се разбираме едни со други и вели: После сексот, дечкото и девојката остануваат да лежат во кревет. Тој е тивок и таа почнува да си прави филмови. Го прашува што му е, но тој вели дека не е ништо, ништо важно. Таа уште повеќе се замислува, има друга, не беше добро, не е задоволен, не ме сака веќе, погледни колку е отсутен со мислите… А тој всушност мисли, сексот беше добар ама го пропуштив натпреварот вечерва, којзнае кој победи…

Ви ветувам и лично јас Ви гарантирам, доколку сте љубител на овие книги, побарајте ја Зошто мажите лажат, а жените плачат…

Статијата ја напиша: Ивана Николовска
Извор: sakamknigi.mk




1 Коментар

  • Симона Јорданова вели:

    Би сакала да си ја купам книгава каде мозам да ја најдам и која цена е?
    Благодарам

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *