Токму затоа, не е ни чудно што во 2007 година, кога компанијата “Волт Дизни” ја започнаа кампањата “Година на милион соништа” (“Year of a million dreams“) како официјален фотограф ја избраа токму неа. И кога се работи за Ени Либовиц и Дизни, воопшто не беше проблем да се најдат славни лица кои ќе позираат облечни како познатите Дизни ликови. Фотографиите се прекрасни, кампањата во 2007 година беше доста популарна и успешна, па ајде да се потсетиме на некои од нив…
Џони Деп во својата улога на Капетан Џек Спероу и кант-авторот Пети Смит како пират од “Пиратите од Карибите”.

Актерката Рејчел Вајс како Снежана, од Дизниевиот класик од 1937 година “Снежана и седумте џуџиња”.

Скарлет Јохансон во ликот на Пепелашка од истоимениот Дизниев анимиран филм од 1950 година.

Тенисерот Рожер Федерер во ликот на Кралот Артур, “Меч во камен” од 1963 година.

Актерката Џесика Бил во ликот на Покахонтас, од истоимениот анимиран филм од 1995 година.

Моделот Жизел Бундшен како Венди, актерот и танчер Микаил Барушњиков како Петар Пан и актерката и продуцент Тина Феј како Ѕвончица во приказната “Петар Пан” од 1953 година.

Пенелопе Круз и Џеф Бриџис во улогите на Бел и Ѕверот од “Убавицата и Ѕверот” од 1991 година.

Актерката Џули Ендрјус во ликот на Сината самовила од “Пинокио” и малата Абигејл Бреслин како Фира од Дизниевите самовили.

Фудбалерот Дејвид Бекам во улога на Принцот Филип во “Заспаната убавица” oд 1959 година.

Актерката Џулиан Мур како Ариел од познатиот анимиран филм “Малата сирена” од 1989 година. Напред во кадарот се гледа и познатиот олимписки пливач Мајкл Фелпс.

Актерите Зек Ефрон и Венеса Хигинс, како Филип и Аурора од “Заспаната убавица” од 1959 година.

Пејачката и актерка Џенифер Лопез со (сега веќе поранешниот) сопруг, пејачот Марк Ентони, во улогите на Џасмин и Аладин во познатиот анимиран филм “Aладин” од 1992 година.

Актерката и модел Оливија Вајлд како Лошата Кралица и Алек Болдвин како Огледалцето, од “Снежана и седумте џуџиња” oд 1937 година.

Пејачката Бијонсе Ноулс како Алиса, композиторот Лајл Ловет како Мартовскиот зајак и актерот Оливер Плат како Лудиот Шапкар, од “Алиса во земјата на чудата” од 1951 година.

Автор: Вања Кочовска
![]()
Сакате да објавите статија на iLike.mk? Пишете ни на contact@ilike.mk.
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!