Холи Спринг е една грижлива мајка од Нов Зеланд која почнала да се занимава со фотографирање откако ја родила малата Вајолет. Вајолет боледува од Хиршпрунгова болест и е родена без една подлактица.
Холи вели:
Кога станав мајка во 2009-тата, најважно ми беше да го фотографирам моето мало девојче додека се бореше со здравствените проблеми. Не сакав да пропуштам ниеден значаен момент од нејзиниот развој бидејќи не знаев дали некој од нив ќе биде последен. Еден ден за малку ќе ја изгубевме.
И додава:
Мојата ќерка е мојата муза и моето срце. Таа ме инспирира да ја следам мојата страст и да ги споделувам овие уникатни фотографии со вас!
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!