Top
glavobolka

Здравствени симптоми кои не смеете да ги игнорирате

Постојат одредени здравствени симтоми кои укажуваат на постоење на некаков проблем и не смеат да се занемарат.

Изненаден губиток на тежина
Изненадното губење на килограми, може да биде еден од првите знаци на дијабетис. Наглото слабеење, а притоа да не сте практикувале некаква диета ниту пак сте вежбале, може да биде и знак за депресија. Истото тоа важи и за наглото здебелување. Сепак, треба да се нагласи дека ова не се однесува на мал губиток во килограми. Ако сте ослабеле за еден месец 1 килограм, тоа не е причина за тревога. Но ако сте ослабеле нагло барем 5 килограми, тогаш време е да посетите доктор.

Болки во стомакот
Болки во стомакот се прилично тешка работа за дијагноза. Болка во стомакот може да биде знак дека имате чир на желудник, карцином, гастритис, проблеми со срцето или панкреатитис. Но, болка во стомакот може и едноставно да значи дека сте изеле нешто што не ви одговара на желудникот. Затоа, ако болката трае повеќе од три дена, морате да посетите доктор. И обратете внимание на видот на болките, дали се грчеви, прободувачка болка, дали се шири болката, или дали имате и некои пропратни симптоми како дијареа, повраќање, мачнини.

Останувате без здив
Како и болките во стомакот, и ова е можно да не е ништо сериозно, а може и да биде сериозно. Младите и здрави луѓе, би требало да можат да се качат по скали, да одат и да зборуваат во исто време, а да не се задишат претерано. Доколку ова ви звучи како невозможна мисија, веројатно се надвор од форма и би требало да почнете да тренирате. Но, ако имате и други симптоми како што се, болки во градниот кош, трнење на екстремитетите, температура, во тој случај задолжително одете на доктор.

Не можете да ја изгаснете жедта
Доколку не сте јаделе нешто многу слатко, солено или зачинето, а сепак чувствувате дека колку год вода да испиете сепак не е доволно, ова е симптом кој морате да го испитате. Се разбира, ако ви се случи ова само еднаш, и е многу топол ден, тогаш не е ништо страшно. Но ако ви се случува тоа често, можно е да имате проблеми со бубрезите или дијабетис.

Честа главоболка
Во денешно време, сите сами на себе си говориме дека главоболката е најнормална појава на светот, бидејќи поминуваме многу време пред компјутерот. Болката е природен начин нашето тело да ни даде дознаење, дека нешто не е во ред, и затоа не треба да се занемарува. Постојат различни видови на главоболки, за некои е доволен и аналгетик но за некои е потребна посета на доктор. Ако честите главоболки ги пратат и вртоглавица, мачнини, задолжително посетете доктор.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>