Истанбул е неверојатно возбудлив град, полн со луѓе од различни краишта на светот, разновидна храна која се нуди на секој агол, но и огромен број шарени згради кои се вистинска атракција за туристите. Велат никој град на светот не влева толку оптимизам и позитивен дух како Истанбул, градот кој го спојува стариот континент со Мала Азија.
Турскиот архитект Јенер Торун цели 14 години го фотографира овој динамичен град, а последнава година тие фотографии ги објавува на својот профил на „Инстаграм“. Во неговото портфолио можат да се видат живописни згради од минатото, но и модерна архитектура со идеална симетрија, но повторно колоритна и впечатлива. Тој фотографира комерцијални објекти, но и станбени згради од посиромашните делови на овој убав град.
Во продолжение погледнете сосема мал дел од неговите фотографии, а за повеќе, посетете го неговиот популарен „Инстаграм“ профил.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!